АПУЛИА –  ЛЕТО 2025 БАРИ-ОСТУНИ- ОТРАНТО-ПОРТО ЦЕСАРЕО-ПЕСКУЛОЗЕ-ЛЕЧЕ-МАТЕРА-ТАРАНТО-БРИНДИЗИ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

АПУЛИА –  ЛЕТО 2025

БАРИ-ОСТУНИ- ОТРАНТО-ПОРТО ЦЕСАРЕО-ПЕСКУЛОЗЕ-ЛЕЧЕ-МАТЕРА-ТАРАНТО-БРИНДИЗИ

Апулиа -„петата на италијанската чизма“ е богатство на уметност, историја и природа.Таа  совршено ги комбинира куќичките од бајките, барокната архитектура и некои од најдобрите песочни плажи во континентална Италија. Сместена е во прегратките на двете мориња, Јонското и Јадранското, со разновидно крајбрежје, со бели карпи, шарено морско дно и плажи кои се спуштаат во кристално чистото море. Во внатрешноста, опкружена со огромни рамнини и благи ридови, го крие царството на природата, каде маслинови дрвја и лозја наизменично се менуваат со бујни шуми и неверојатни медитерански кањони и клисури.

18.06.2025 Поаѓање во15.ооч.од Прилеп со туристички автобус за Грција.Пристигнување во Игуменица во вечерните часови а потоа со брод се патува за Бари со ноќно пловење. 19.06.Пристигнуваме во Бари во утринските часови,со 300.000 жители-9-ти град во Италија. Стариот дел на градот е најголемата атракција и најважниот дел на Бари. Се карактеризира со високи ѕидини кои го штителе градот од ветровите, тесните улици со калдрма и бели згради со специфични железни балкони.Црквата Св. Никола е големо светилиште од 1087 г. каде се моштите на Свети Никола,каде на аџилак доаѓаат припадници и од православната и од католичката вероисповед.Катедралата Свети Сабино е црква од 13 век,Плоштадот Меркантил  е архитектонски интересен дел од стариот град.Театарот Петручели  е четврти по големина театар во Италија,Театро Маргерита..,по што се продолжува за Порто Цесарео. Попатна посета на  Полињано а Маре, град кој не се опишува со зборови.Прошетка низ историскиот центар низ испреплетените камени улици,шармантни плоштади и ресторани и како од балкон се гледа кристалното море меѓу две карпи.Продолжување до Остуни, древен град со ѕидини локално познат како La Città Bianca т.е. белиот град. Разглед на историскиот центар: Базилика ди Санта Кроче,Пјаца Сант Оронзо со Колоната на Сант Оронзо, Пјаца дел Дуомо, катедрала Санта Марија Асунта.Продолжување до Порто Цесарео. Сместување во хотел.Слободно време за Капење.Ноќевање.

20.06.25 Појадок.Слободен ден за уживање и капење. Ноќевање.

21.06.25 Појадок. Слободен ден за уживање и капење. Ноќевање.

22.06.25 Појадок. факултативен излет до: Матера,живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни премини и пештери. Стариот град,е под заштита на УНЕСКО.Матера со својата архитектура повеќе потсетува на Блискиот Исток отколку на Европа. Матера е дом на многу музеи,цркви и манастири.  Ја вклучува областа Саси, комплекс од пештерски живеалишта врежани во планината. Сан Пјетро Барисано- најголемата карпеста црква во градот.Прошетка до плоштадот Виторио Венето,катедралата Матера, фонтаната на љубовта..Поради својот необичен изглед,често се користел како локација за снимање филмови, меѓу кои и “Страста” на познатиот актер и режисер Мел Гибсон.Се продолжува до Таранто -се наоѓа на прекрасното Јонско Море во Апулиа и е познат како „градот на двете мориња“. Градот лежи длабоко во заливот Таранто, кој се нарекува Маре Гранде(Големо море) и помал залив Маре Пиколо (Мало море).Таранто нуди богатство на знаменитости, древни урнатини, уживање во прошетка покрај морскиот брег:Cattedrale di San Cataldo, од 11 век и во него се сместени моштите на заштитникот на градот Каталдо.Замокот Арагонец е изграден од кралот Фердинанд од Арагон во 15 век.Лулашкиот мост што се отвора за да им овозможи на поморските бродови да минуваат е омилен спектакл и за локалното население и за посетителите. Прошетка низ центарот на стариот град:тоа е лавиринт од тесни улички.со кафулиња,барови, бројни ресторани со морска храна.. Враќање в хотел.Ноќевање.

23.06.25 Појадок Слободен ден за уживање и капење.Ноќевање

24.06.25 Појадок.  факултативен излет до: Галиполи, градчето неверојатно потсетува на Несебар, поврзан со мост со стариот дел,ќе се види византиската тврдина од 13 век и грчката фонтана,која се смета за најстара во Италија.Се продолжува до одморалиштето Песколузе – најнеодоливиот дел на Апулија, наречен „Малдиви на Саленто“ поради долгата 8км плажа и тиркизната вода. Посета на Светилиштето на „Финибус Тера“ во Санта Марија ди Леука, познато како „Светилиште на крајот на светот“ и е најјужниот дел на петата на Апулиа.Попатна пауза на Мостот на Чиоло,тоа е кањон издлабен од Јадранското море,со кристално чисти води и многубројни пештери,66 пештери до кои може да се стигне со брод.Попатна пауза во Кастро Марина ,каде ќе се восхитуваме на глетки кои го одземаат здивот.Продолжување за Отранто,кој своето име го дал на Отранската порта, местото каде што се спојуваат Јонското и Јадранското море. Овој шармантен историски град е познат по својот лавиринт од калдрмисани улици и богата античка архитектура.Тоа е дом на арагонскиот замок од 15 век и катедралата Отранто од11- век.Во него се наоѓаат 2 езера: солената вода Алимини Гранде и Алимини Пиколо.Отранто е град на УНЕСКО.Враќање в хотел.Ноќевање.

25.06.25 Појадок. Слободен ден за уживање и капење Ноќевање.

26.06.2025 Појадок. Заминување за Бриндизи со попатна посета на Лече, кој е наречен и Фиренца на југот поради бројните градби со барокна архитектура. Фасади налик на чипка го красат овој прекрасен град.Историскиот центар на Лече е огромен.Поаѓаме од плоштадот Сант Оронзо, каде има зграда која датира од п.н.е.,Римски амфитеатар,кој е само делумно непокриен и изложен, бидејќи останатиот дел се наоѓа под соседните згради.Прошетка по Виа Виторио Емануеле II во правец на Пјаца дел Дуомо-главен катедрален плоштад опкружен со Катедралата,бискупската палата, па по Виа Џузепе Палмиери,ќе се видат Палатата Палмиери ,палатата Гуарини и Порта Наполи.Покрај Via Umberta ќе наидете на палатата Palazzo Loffredo Adorno и до базиликата Санта Кроче(св.Крст) со лудо сложена фасада, за конечно да стигнеме до точката од која ја започнавме нашата прошетка, т.е. на Пјаца Сант Оронзо. Продолжување за Бриндизи, посета на знаменитостите: катедралата на св.Јован Крстител,од 11-ти век, црк. Санта Марија, тврдината Алфонсо-на островот Сент Андреа,.. како и посета на трговски шопинг центар.Вечерта од Бриндизи,во 21.30 часот поаѓање со брод за Игуменица.

27.06.2025. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.Се продолжува за Македонија и пристигнување во Прилеп во попладневните часови .

H. GRAN PARADISEPARADISE BEACH 4* во  Порто Цесарео – на сама плажа, со вклучени лежалки и чадор:

– Стандард соби без поглед на море-650еур (40300ден.),

– Стандард соби со поглед на море – 740еур (45900ден.),                                                                  

HOTEL RIVA DEL SOLE,на 150м.од плажа,со вклучени лежалки и чадор590еур-36600д.

Промо цени за резервација до 20.02.2025г. Редовната цена е +50еур на овие цени.
Во цената е пресметано:

  •  превоз со туристички автобус на дадената релација
  •  превоз со брод на DECK :Игуменица -Бари –Бриндизи-Игуменица +бродска такса
  •  сместување во избраниот хотел на база 7 ноќевања со појадок ,со вклучена клима
  •  попатни посети на:Бари,Полињано а Маре,Остуни,Лече,Бриндизи
  •  организација и придружник на патувањето
    Во цената не е пресметано:
  •   здраствено  патничко осигурување-без франшиза – 400 ден,
  •   туристичка такса –плаќање в хотел при сместување (2 еур по лице по ноќ)
  •   факултативен излет до Галиполи,Пескулозе, Санта Марија де Леука, Отранто -30еур
  •   факултативен излет до Матера и Таранто -30€
  •   доплата за кабина Игуменица-Бари:30еур во 1/4,45еур во1/3 и 55еур во 1/2 кабина-по лице,
  •   во 1 правец (плаќање при резервацијата во Т. А.)
  •   доплата за кабина Бриндизи-Игуменица:во1/2кабина 50еур по лице-плаќање при резер.
  •   влезници за локалитетите и други неспоменати услуги

Напомена:  Бројот на сите типови соби е ограничен.

Деновите за факултативни излети може да се сменат во зависност од временските услови.        
За овој аранжман важат општитие услови за патување на Т.А.БРАН ТУРС  и СКТМ
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно летовање и патување

Останати Понуди