ЛЕПТОКАРИЈА-ВИЛА ДИМА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВИЛА ДИМА – ЛЕПТОКАРИЈА

Попрецизно, студијата Дима се наоѓаат на високото приземје од истоимениот објект и на само триесетина метри од градската плажа и променадата на Лептокарија. Нивната локација како и квалитетната опременост, се добар мотив за ваш избор при одлуката за реализирање на летниот одмор во Лептокарија. Освен со современ мебел, студијата се опремени и со сите потребни апарати, тв и клима уреди, како и пространи тераси за комфорен престој во текот на летниот одмор. Сервисот на гостите, за кој се грижи рецепцијата на блискиот хотел Olympos, е само дополнитена гаранција за квалитетно сместување и добар летен одмор. Паркирањето е можно, на улиците во близината на објектот.
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025

Цените се дадени за наем на студио за 7  ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред во DIMA е бесплатна (каде што е достапен),
Доплата за туристичка такса 2€  (се плаќа во објектот).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување.ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 – 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:    Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена за превоз: 2600 ден. повратен билет. За деца до 14 год 1800 ден
Автобуски превоз: 
05:00 ч, Прилеп – Лептокарија  Враќање: 13:00 ч. по локално време

– Превозот се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање  според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
 Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.


ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

– Студио бр.1, тип 1/3+Exb (два единечни кревети 90 cm и софа со ширина 80 x должина 190 cm + Exb со ширина 90 x должина 180 cm).
Студиото има два единечни кревети со широчина 90 cm, една софа на изблекување за две лица со широчина 80 cm и должина 190 cm (истатдимензија е и за дополнителниот кревет кој се извлекува од софата), опремено со клима, LCD TV, плакар и огледало. Кујната е одвоена од собата оремена со мини фрижидер со комора за замрзнување, сет кујна со решо со 2 рингли, аспиратор, висечки елементи и елементи под лавабо. Толаетот има заградена туш кабина со вентилација. Прозорот има комарник и завеса. Балконот е голем и е пред влезната врата со поглед кон сервисна улица и Хотел Олимпос, опремен со тенда, столици и маси.
– Студио бр.2, тип 1/3  (три единечни кревети со ширина по 90 cm).
Студиото има три единечни кревети со широчина 90 cm, опремено со клима, LCD TV, плакар и огледало. Кујната е во собата оремена со мини фрижидер со комора за замрзнување, сет кујна со решо со 2 рингли, аспиратор, висечки елементи и елементи под лавабо. Толаетот има заградена туш кабина со вентилација. Прозорот има комарник и завеса. Балконот е голем и е пред влезната врата со поглед кон сервисна улица и Хотел Олимпос, опремен со столици и маси.
Забелешка за објектот: 
Објектот каде што се наоѓаат студиата нема двор, остава за багаж, надворешен тоалет и нема Wi Fi интернет (можат да користат од Hotel Olympos кој е на 20 метри од Дима).

Останати Понуди