Лето 2026 КРИТ
Ираклион – Ретимно – ХЕРСОНИСОС- Аг.Николаос – Атина
Крит спаѓа во еден од најубавите грчки острови,со околу 630000жители, се смета за колевка на Европа каде е создадена Минојската култура, првата високоразвиена цивилизација на Западниот свет –од Бронзено време ,со комплетно урбани населби од пред 2000год. пред нашата ера. Со Крит се поврзани многу Грчки митови ,еден од најпознатите е митот за Минос, кралот на Крит,кој одбил да жртвува бик на боговите.Oвој остров е дом на важни археолошки наоѓалишта, неверојатни клисури,прекрасни градови со венецијански пристаништа и тврдини, како и мали крајбрежни градови кои се идеални за уживање и наоѓање мир. Крит, освен по туризмот чии главни атракции се златните песочни плажи и тиркизните води на Медитеранот, познат е и по производство на вино, портокали ,маслинки и маслиново масло…A кафето на Крит не е обичен пијалок, тоа е посебен ритуал,култура на уживање, пробајте го …
22.06.2026 Поаѓање во 07.00 ч. преку Гевгелија за Атина со попатни паузи. Пристигнување во Атина во попладневните часови. Се оди до пристаништето на Атина – Пиреја – најголемото пристаниште од каде вечерта во 21.00ч.по Грчко време се поаѓа со брод за Крит.
23.06.2026 Во утринските часови (06-07.00ч.) пристигнување во Ираклион -главниот град на Крит.Потоа се продолжува до туристичкото место Херсонисос. Херсонисос е олицетворение на идеална дестинација со плажи за сите вкусови и активен ноќен живот, но , и атракции –знаменитости кои ова место го прават уште поатрактивно за туристите. Околу 14.00 часот сместување во хотел. Слободно време за капење.При престојот во херсонисос може да се видат: Римската фонтана од 2-ри век, најпопуларната атракција Аквариумот Акваворлд, Музејот на отворено Лихностатис,Стариот град-Ано Херсонисос … Ноќевање.
24.06.2026 Појадок. Ден за капење и уживање.Ноќевање.
25.06.2026.Појадок. Слободно време за капење. Полудневен излет до Ретимно -сместен во самиот центар на островот, шарениот крајбрежен град со најдобриот ноќен живот на Крит. Ретимно е полн со антички урнатини и зрачи со историја.Стариот град претставува мешавина од Венецијанска и Критска архитектура.Тесните улички на стариот град и малото Венецијанско пристаниште се неверојатни места за прошетка,шопинг,и уживање во вечера во таверна,опкружени со неверојатната архитектура.Притоа ќе се видат:фонтана Римонди од 1626г.,џамијата Нераце,Фолклорниот музеј-сместен во Венецијанска палата, Венецијанскиот замок Фортека од 1590г.,сместен на рид во центарот на Ретимно,со прекрасен поглед на градот и брегот, со спектакуларно зајдисонце .Вечерта враќање в хотел. Ноќевање.
26.06.2026 Појадок. Ден за капење и уживање.Ноќевање.
27.06.2026 Појадок. Ден за капење и уживање. Попладнето факултативен излет до Елунда –Шармантно рибарско селце , од каде со брод може да се оди до Спиналонга, во обиколка на Венецијанскиот замок изграден во 16 век. и напуштениот град.Овој мал, ненаселен остров е познат како „остров на лепрозни“ бидејќи бил дом на лепрозни од Крит.Потоа, посета на Крица-едно од најстарите и најживописните села на Крит, изградено амфитеатрално на карпест рид, наречен Кастелос, опкружено со маслинови градини, на надморска височина од 375 м.Пред влезот на селото се наоѓа старата византиска црква Панагија Кера со уникатни византиски фрески од13-14-ти век. Критса е позната по својата атмосфера обоена во бело како на разгледница и планински пејсаж, а старите критски обичаи и традиции се одржуваат живи.Во селото по тесни улички можете да уживате во локалните кафулиња, бутици за занаетчиска и уметнички дела…. Потоа се оди до Агиос Николаос-модерен туристички центар, интересен пред се за младите туристи со неговите многубројни кафе-барови. Прошетка по неговите тесни улички и околу соленото езеро Вулисмени- кое е во центарот на градот, а според Грчката митологиа во него се капела божицата Атина.Може да се посетат неколку цркви, меѓу кои св.Никола од 7-ми век .Враќање в хотел. Ноќевање 28.06.2026 Појадок. Ден за капење и уживање.Ноќевање.
29.06.2026 Појадок. Ден за капење и уживање., Ноќевање.
30.06.2026 Појадок.Слободно предпладне за капење.Во 11.00 часот напуштање на хотелот, заминување за Ираклион -кој со векови се викал Кандија – како и цел остров. Четврт град по големина во Грција – 140.000 ж. основан во 9 – ти век од Сарацените, па во 961 г. Византијците го заземаат и држат 243 г, за да во 1204 г градот е купен од Млетачката Република, кога е населен со Венецијански фамилии па се меша културата, за да после 22 г опсада заземен е од Османлиското царство. 1898 – 1908 г Крит станува самостојна држава под меѓународна управа и оттогаш е преименуван во Ираклион по грчкиот јунак Heraklu. Во 1913 г Ираклион комплет со Крит е припоен кон Грчкото кралство. Главна знаменитост на градот е тврдината Roca al Mare (Koules), па локалното население го вика Kastro – дворец; градската катедрала Agios Minas, црквата св. Катерина, фонтаната на плоштадот Вeнизелои, музејот…На неколку км. од Ираклион,е Кносос-најважното археолошко наоѓалиште на островот. Палатата Кносос – лавиринт од масивни столбови и прекрасни фрески, сведочи за софистицираноста на минојската цивилизација, која исчезнала во 14 век. Според легендата, палатата била дом на митското суштество Минотаур. Ова место го обновил познатиот археолог Артур Еванс на почетокот на 1900-те.Отогаш станал најголе- мата туристичка атракција на Крит.Вечерта со брод се заминува од Ираклион за Пиреа.
01.07.2026 Пристигнување во Пиреа во утринските часови, од каде се оди до Атина, каде имаме кратко панорамско разгледување на Атина : плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол…Слободно време во центарот на Атина. Потоа се продолжува за Македонија со попатни паузи.Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни-ноќни часови.
ЦЕНА: 31900 ден.(515eur)–за резервации до 15.02.2026.Редовна цена 615 еур
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел Alia beach 4 * во Херсонисос на база-7 ноќевања со појадок,
- Вклучена клима,секоја соба со тераса со поглед на базен или страничен поглед према море.
- посети на Ираклион и Атина
- Превоз со брод на ДЕК: Пиреа – Ираклион – Пиреа
- Организација на аранжманот и придружник на групата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување – без франшиза (300 денари)
- доплата за туристичка такса на лице место 5еур по лице по ден
- Факултативен излет до Ретимно – 20 евра
- факултативен излет до Елунда,Крица,Агиос Николаос-20еур+карта за брод за Спиналонга
- Влезници за локалитетите (Кносос) и други факултативни посети
- доплата за кабини:35 еур во 1/2, 25еур во1/3, 20 еур во 1/4, по лице во 1 правец.
Деновите за факултативните излети може да се сменат во зависност од временските услови
Напомена: Хотелот е Adult only , само за 18 + години.
За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС – Прилеп


