ПАРГА-ВИЛА МАТИНА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn
ВИЛА МАТИНА – ПАРГА, ЈОНСКИ БРЕГ
Вила Матина  е убава куќа, лоцирана на десната страна на Парга во близина на патеката која води кон големата плажа Валтос. Во својот состав таа брои неколку студија кои се опремени со соодветен мебел, Wi-Fi, тоалет, мини кујна, ТВ и клима уред, како и балкони со поглед кон градот. Нивната уреденост и локација, како и одличниот сервис на домаќините, го издвојуваат како одличен објект за сместување при престојот во прекрасната и единствена Парга. Вилата има убаво уреден двор со ѕидана скара, маси и столици.

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 / 9 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025

Цените се дадени за наем на студио за 7 / 9  ноќевања (без превоз)

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 
За употреба на клима уред (ac+) се доплатува 7€ на ден во објектот (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 2 € по студио/апартман на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. Задолжително е патничко осигурување
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или    советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 – 7 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:       Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ     
Цена на повратен автобуски превоз:  70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
– Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
– Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
– Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
– Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
  одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
  по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
 Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
  вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите
 и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
   опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
   Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите 
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

Останати Понуди