ПОЛИХРОНО-ВИЛА БИСЕРА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВИЛА БИСЕРА – ПОЛИХРОНО

Вила Бисера е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај  на отварање, кој е соодветен за сместување на дете како трето лице. Апартманите пак имаат посебна спална соба во која се наоѓа дуплиот лежај и дневна соба во која освен одлично опремена кујна има и кауч со фиока (душек) на отварање. Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица. Во сите единици од објектот, кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет. Во студијата, како и во апартманите (во двете простории) се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно. Во објектот е овозможено и користење на WiFi интернет. Паркингот е можен на улиците во неговата близина.
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
Цените се дадени за наем на студио за 7  ноќевања (без превоз) 

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Доплата за туристичка такса 2 € (се плаќа во објектот).
Клима уредот (ac) е бесплатен.
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. Задолжително е патничко осигурување.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 – 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:    Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
– Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
 Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.


ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:
• Студио бр.  тип 1/2+1chd (еден брачен кревет со широчина 160 cm и една “фотеља” со широчина 80 cm и должина 180cm)
• Апартман бр.  тип 1/2+2 eco – без балкон (еден брачен кревет со широчина 160 cm и една софа со широчина 150 cm и должина 200 cm)
Прв кат:
• Апартман бр.  тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 160 cm и една софа со широчина 150 cm и должина 200 cm)
• Апартман бр.  тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 160 cm и една софа со широчина 150 cm и должина 200 cm)
Втор кат:
• Студио бр.  тип 1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 160 cm и една “софа” со широчина 80 cm и должина 190 cm)

• Апартман бр.  тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 160 cm и една софа со широчина 150 cm и должина 200 cm)

Трет кат:

• Апартман бр.  тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 160 cm и една софа со широчина 150 cm и должина 200 cm)

Сите студија и апартмани се со кујна опремена со мини фрижидер со комора, решо со две рингли, микроталасна печка, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV и клима, маса и столчиња (соодветно на бројот на кревети). Прозорите имаат ролетна и завеса. Тоалетот е убаво уреден, со туш кабина директно на плочки, фен. Апартманите на приземје немаат балкон (користат дел од терасата).

Останати Понуди