HOTEL OLYMPIC KOSMAS***- Ханиоти
Сместување: Двокреветни и трокреветни соби, опремени со сопствен тоалет, клима, ТВ, фрижидер и фен. Чистење на собите според политиката на хотелот.
Содржини: Ресторан, базен, бар покрај базенот, сеф… Паркирање е можно на улицата пред хотелот.
ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
-10% за рани резервации до 31.01.2025
Цените се дадени по лице во соба (за мин. 2 возрасни лица во соба) за 7 ноќевања со појадок или појадок и вечера (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Сместување во хотел за 7 или 2 ноќевања со појадок или појадок и вечера (без превоз).
* Користење на клима уред во месеците Јули и Август.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Туристичка такса од 5€ на ден по соба се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
* Задолжително е патничко осигурување
* Услуги како користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден: Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 – 7 ден: Престој во објектот со избраната услуга за аранжманот. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз, во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR ( 35 EUR за деца 2-11.99г.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 06:00 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус/минибус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Услови на плаќање
Во зависност од видот и условите на понудата, соодветните цени и терминот на резервација, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со попуст (рана уплата – EB):
– Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
– При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
– Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Чистењето на собите, менување на постелнина и крпи (пешкири) се врши на денот на превземање на собата или секој седми ден.
* За сите прашања во врска со сместувањето, одржувањето и функционалноста на опремата во собите, клиентот ќе ги решава со рецепцијата на хотелот.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети, третиот/четвртиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува
и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
* За секоја промена на веќе потврдена резервација во хотелите, се наплатува дополнителен манипулативен трошок од 15 € .
Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.