БУДВАНСКИ КАРНЕВАЛ 1ви МАЈ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

22-ри БУДВАНСКИ КАРНЕВАЛ
БУДВА
КОТОРТИВАТ

Оваа година Првомајските празници ќе ги одбележи  Будванскиот карневал! Подгответе ги најубавите маски и бидете дел од повеќедневен среќен фестивал токму на морскиот брег! Големата карневалска парада ќе собере рекордни 3.000 учесници од повеќе од 10 земји од Европа.Ќе присуствуваме и на детски карневал, карневалски и маскенбал шоуа и 25 концерти и музички изведби на 100 изведувачи на 4 локации.Од 30 април до 4 мај Будва ќе живее во карневалскиот дух. Сите се воодушевени од Будванскиот Абрум, каде целото население на Стариот град и неговата околина се придружува во поддршката на карневалот, ги подготвува своите специјалитети и ги сервира пред нивните куќи. Луѓето од Запад што ја посетуваат Будва во тоа време се изненадени и воодушевени, бидејќи ќе има храна, пијалоци и песни. Меѓународниот карневал во Будва е најголем во регионот. 

03.05.2025 Поаѓање во 00.30 чaсот со автобус, преку Албанија за Будва. Пристигнување во Црна Гора во утринските часови,се поминува покрај Улцињ,Бар,Суто Море,Бечичи, Св. Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места,  а потоа пристигнување во Будва Сместување во хотел или соби со засебно твц,студиа и апартмани или во хотел. Разгледување на стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија,зидините на Стариот град,пристаништето со јахти…како и слободно попладне за уживање на Големата Карневалска парада , со рекордни 3.000 учесници од повеќе од 10 земји…Уживање во карневалски и маскенбал шоуа и концерти и музички изведби на голем број изведувачи на 4 локации низ Будва. Ноќевање.
04.05.25 Факултативен излет до Бока Которскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани,во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и слободно време во Стариот град.Потоа се продолжува за ТИВАТ– до монденското Порто Монтенегро-спој на природна убавина и човечки ресурси и уживање во прекрасната глетка на Бока Которскиот залив.Враќање во Будва.Попладнето, заминување за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 3900 ден.-за рез.до 10.04. за сместување во соби 1-ва кат.и апп. Редовна цена 4900 ден.
ЦЕНА : 4900 ден.за резервации до 10.04.2025г.-за сместување во хотел со 3*, за 1 ноќ.со појадок. Редовна цена 5900 ден.

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 1 ноќевања во соби,студија и апартмани во Будва или 1 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • организација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување – без франшиза -200 денари до 65г.,300ден. 65-70год.
  • туристичка такса 1 евро по лице од ноќ
  • полудневен излет до Котор и Тиват (15 евра)
  • влезници за евентуални културно историските споменици

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС Ви ги честита Првомајските празници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

Останати Понуди