САРАЕВО – Мостар – Вишеград – Мокра Гора

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

      САРАЕВО 

     МОСТАР – ВИШЕГРАД – МОКРА ГОРА

 09.10.2025 Поаѓање за Сараево во 18.30 ч преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

10.10.25 Во утринските часови пристигнување во САРАЕВО-таканаречен „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.Разгледување на градот со локален водич:Народниот театар, градското собрание,па преку реката Миљацка до Инат куќа, па се продолжува пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата… Сместување во  хотел. Слободно попладне на Баш Чаршија за вкусување на Сараевски бурек,ќебапи во лепиња,десерт Туфахија…Ноќевање.

11.10.25 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на изворите Врело Босне, и на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар каде се посетува Стариот мост на Неретва – симболот на градот.слободно време за  ручек:Јагнешко под саќе,уштипци-питулици,десерт Баклава…. Попладнето враќање во Сараево. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

12.25 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ,изграден од Мехмед Паша Соколовиќ.Воедно го посетуваме и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

13.10.2025 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 6900 ден. за резервации до 01.09.2025

Редовна цена-7900д.

 

Во цената е вклучено:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  •  сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
  •  разглед на Сараево со локален водич,
  •  попатна посета на Андрич град,Вишеград,Мокра Гора-Шарганска осмица и Дрвен град
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 250 ден до 65 год, 400ден 65-70год.
  • туристичка такса 1 еур по лице по ден – се плаќа во агенција;
  • факултативен излет до Мостар -20 еур
  • факултативна вечера во ресторан со музика(без пијалок) – 25еур
  • влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 01.10.2025 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

Останати Понуди