23-ти октомври ТЕМИШВАР – АРАД – ОРАДЕА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

23-ти октомври

ТЕМИШВАР – АРАД – ОРАДЕА

22.10.2025 Поаѓање за Темишвар во 19.00ч.преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

23.10.2025  Пристигнување во Темишвар во утринските  часови, кој често го нарекуваат „Мала Виена“-поради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт,а прогласен е за европски град на културата во 2023 год. Разгледување на Темишвар со локален водич: Во центарот се трите плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона во форма на ѕвезда: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат:Соборната Романска црква,Националната Опера и Театар,Споменикот на Волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од Италија,Барокниот плоштад на Унијата со:Римокатоличката црква,столбот на кугата,Српската Соборна Црква,  Плоштадот на Слободата со:Старата Градска куќа од 1734 г.,споменикот на Дева Марија, Синагогата,Бистата на Децебалус,Музејот на Банатските села.Сместување во хотел. Слободно попладне,можност за шопинг во трговскиот шопинг центар LuliusTown.Ноќевање.

24.10.25 Појадок. Факултативен целодневен излет до Арад и Орадеа. Разгледување на Арад со водич.Градот е богат со архитектонско извонредни градби:Малцинската црква, Палатата Арад,Палатата Најман,Народната банка,Палатата Фелдес,Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот Државен театар,Црвената црква,Римокатоличката црква,широкиот градски булевар на револуции со дрвја, со монументални градби… Се продолжува за Орадеа,разгледување на градот со водич:Римокатоличката црква Св. Ладислав, грко католичка катедрала Свети Никола и православната црква Успение на Богородица, лоцирани на неколку десетици метри една од друга.Најубавата зграда на плоштадот е грандиозната Палата на црниот орел од 20 век.Наспроти палатата се наоѓа Градското собрание,со кула од 50м. Десно од театарот се наоѓа главната пешачка улица, која е дом на бројни кафулиња, ресторани, продавници за сувенири.. По улицата се најубавите палати во градот: палатата Стерн, палатата Аполо, палатата Московиц Микса, Палатата на правдата,Унгарската баптистичка црква, Грчко-Католичкиот комплекс... Слободно време.Вечерта враќање во Темишвар.Ноќевање.

25.10.25 Појадок. Слободно предпладне со можност за посета на една од најголемите Аква паркови во Романија-Амазонија, со многу содржини:од водни тобогани до базени, реки… , да се забавувате во водениот парк, да се релаксирате во СПА и Велнес центарот.Базенот со 7 тобогани ,со различни рути и висини од 3 до 9 м ,со 2 „мрзливи реки“, 58 седишта за хидромасажа, 10 места за воздушна масажа, 5 воздушни вулкани, со зони за масажа на вратот и џакузи, базенот од 750 м2- е идеално место за максимална релаксација. За љубителите на шопингот,можност за посета на трговскиот шопинг центар LuliusTown– еден од најголемите во Европа, со голем број содржини и продавници од познати светски брендови, по поволни цени.Попладнето, поаѓање за Македонија преку Србија,ноќно возење со попатни паузи.
26.10.25  Пристигнување во Прилеп во утринските часови.

  ЦЕНА: 7900 ден. за резервации до 15.09.2025. Редовна цена 8900 ден.

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  •  сместување во хотел со 3* на база 2 ноќ/појадок
  •  разгледување на Темишвар со локален водич
  • лиценциран придружник на патувањето  

Во цената не е вклучено

  • задолжително здравствено патничко осигурување-250ден. до 65 год., 400 ден. 65-70год.
  • факултативен излет со локален водич до Арад и Орадеа-30еур
  • влезници за музеите и другите културно-историски споменици

Напомена: Краен рок за пријавување до 15.10.2025 година. Т. А. БРАН  ТУРС Ви го честита празникот 23-ти октомври

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За аранжманот важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

Останати Понуди

23-ти Октомври

БАЛАТОН

Б А Л А Т О Н ПЕЧУЈ-ХЕВИЗ-СЕКЕШФЕХЕРВАР-ВЕСПРЕМ-БАЛАТОНФИРЕД-ТИХАЊ-ТОПОЛЕЦ-КЕШТЕЉ-ФЕСТЕТИЧ-ШИОФОК-СЕГЕДИН Балатон (Калливо

Повеќе ...