БОЖИЌЕН МАРКЕТ во ЗАГРЕБ и ЉУБЉАНА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

БОЖИЌЕН  МАРКЕТ  во

ЗАГРЕБ  и  ЉУБЉАНА

Две европски метрополи на реката Сава кои вредат да се посетат, кои пленат со својата убавина и култура

Годишниот Christmas Market фестивал на адвент во Загреб го трансформира градот во празнична зимска земја на чудата со трепкачки светла, локални занаети и традиционална храна и пијалоци. Шармантните тезги нудат занаетчиски производи и ракотворби, како и срдечна регионална кујна и ароматично греено вино. Главниот плоштад станува централен центар за пазарите, а други празнични локации се распослани низ целиот град.Toj e еден од најдобрите божиќни пазари во цела Европа. Годишниот Christmas Market-Божиќниот пазар во Љубљана ќе понуди празнични задоволства , уникатни рачно изработени подароци, греено вино и бесплатни концерти .

5.12.2025 год. Поаѓање во 20.00 ч од пред агенција Бран турс , за Загреб. Патот води преку граничниот премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори.

06.12.2025 год. Пристигнување во Загреб во утринските часови Разгледување на Загреб со локален водич: Плоштадот Бан Јелачич, Катедралата, црквата св.Марко, Горниот Град, Прашката улица, Петрова црква, Светата Порта, Калчичева улица итн….Сместување во хотел Краток одмор. Вечерта време за уживање на Божиќниот маркет, на повеќе од 25 плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема и атмосфера, но сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен пазар. Шармантните тезги нудат занаетчиски производи и ракотворби, како и регионална кујна и ароматично греено вино. Светкави светла, шарени орнаменти и сезонски декорации ја надополнуваат дневната програма на забава на отворено и културни претстави, исполнувајќи ја атмосферата со празнична магија..Ноќевање.

07.12.2025 год.Појадок. Факултативен излет до Љубљана и разгледување на градот со локален водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ двете раскошно украсени улици кои се наоѓаат од двете страни на реката Љубљаница каде се распослани божиќните штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и со мноштво миризливи колачи и топли пијалоци. Вечерта, враќање во Загреб. Ноќевање.

08.12.2025год Појадок. Слободен ден за индивидуални активности низ центарот на Загреб, и уживање во божичниот амбиент. Посета на трговски шопинг центар.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни  одмори.

09.12.2025 год. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА: 9900 ден. За резервации до 04.11.2025г. Редовна цена 11900ден.

Во цената се вклучени  следните услуги:

  •  превоз со туристички автобус на дадената релација
  •  сместување во хотел со 3* – 2 ноќ/појадок
  •  разгледување на Загреб со локален водич
  •  организација и придружник на патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • патничко здравствено осигурување – задолжително – 250 ден. до 65г.,над 65г.=400д.
  • туристичка такса 2 еур по лице по ден (плаќање во агенција)
  • целодневен излет до Љубљана и разгледување со водич – 25 еур
  • влезници за културнo историските знаменитости

Напомена:Рок на пријавување до 01.12.2025 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување..

Т.А.БРАН ви го честита празникот на св.Климент Охридски- 8-ми Декември.

За овај аранжман важат општитие услови за патување на Т.А.Бран и СКТМ.

Останати Понуди