8ми -Декември Етно хотел РТАЊ-Балашевиќ – манастир ТУМАНЕ Голубачка тврдина – Соко Бања – Ниш

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Етно хотел РТАЊ-Балашевиќ – манастир ТУМАНЕ

Голубачка тврдина – Соко Бања – Ниш

РТАЊ- планина во форма на Пирамида, претставува природен феномен.За планината Ртањ се поврзуваат бројни мистерии за вонземјаните,звездена порта и временска капсула. Дека е скривница од крај на светот (смак света).Се верува дека најчудно место е светилиштето Врело, бидејќи таму има комплекс од три енергии: оргонска, електрична и магнетна, а воедно е едно од најмоќните места во светот. Комбинацијата на овие три енергии е многу поволна за човечкото тело. Многу често, изворот на својата енергија ја пронаоѓа најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ. Планината Ртањ е позната по еден од најлековитите чаеви Ртањски чај, како и богата флора и фауна,како и многу пештери.
06.12.2025 Поаѓање во 05.00 часот од Прилеп,патот води преку ГП Табановце.Пристигнување во Соко Бања околу 11.00,прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот,каде се наоѓа Милошевиот конак,турското купатило “Амам“ од XV век….Поаѓање за Ртањ, со попатна посета на светилиштето Врело.Светилиштето -научно е докажано дека е енергетски најмоќното место на планетата.Зрачи со оргонска, електромагнетна и озонска енергија кои кога ќе се соединат имаат многу лековито дејство врз човечкото тело.Има податоци дека некаде под Ртањ имало болница во која се лекувале римски легионери, раните зараснувале 3 пати побрзо, затоа биле носени ранети борци од сите краишта на Римската империја. Бидејќи Светилиштето има благотворно дејство врз човековиот организам.Продолжување за планината Ртањ,сместување во Етно хотел Ртањ околу 15.00ч..Попладнето слободно време  за користење на затворениот базен со подвижен покрив,со посебни хидромасажни ефекти и егзотичен ентериер. Ноќевање.
07.12.2025.Појадок. Факултативен излет за манастирот Тумане.Тој е православен манастир на Српската православна црква.Се наоѓа на 12км од Голубац.Тумане е задужбина на Српскиот витез Милош Обилич.До 2014г. бил женски, а сега е машки манастир.Тумане е еден од најпосетените манастири на балканот.По посетата на Манастирот се поаѓа за Голубац, каде ќе се посети Голубачката тврдина. Изградена во 14-ти век,на влезот на Ѓердапската клисура,во националниот парк Ѓердап. Тврдината е со 10 кули и две големи порти.Попладнето, враќање во Ртањ.Слободно време со можност за бесплатно користење на базенот .Ноќевање.
08.12.2025 Појадок. Поаѓање за Ниш – најголемиот град во Јужна Србија каде вреди да се видат: Нишката Тврдина од 17 век,Споменикот и плоштадот на Крал Милан, Казанџиското сокаче-стариот дел на градот од 18 век…Слободно време за прошетка и шопинг.Заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни  часови.

ЦЕНА: 6200 ден. Промо цена до 03.11.2025г. Редовна цена 7200ден.

Во цената е вклучено: – автобуски превоз на дадената релација

  • 2 ноќевање со појадок во Етно хотел Ртањ Балашевиќ 3*
  • користење на внатрешен базен со подвижен покров, со посебни хидромасажни ефекти- посета на Ниш, светилиштето Врело и Соко Бања
  • организација и придружник на патувањето                                                  

Во цената не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување – без франшиза – 250ден. до 65год.,300д. од 65-70год.,
  • Факултативно, посета на Тумане и влез во Голубачка тврдина -25 еур
  •  користење на сауна и парно купатило се доплаќа на лице место.

Напомена: Краен рок на пријавување до 01.12.2025 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и уживање.                                                                                                                                          

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

Останати Понуди