8-ми Декември во ИСТАНБУЛ
06.12.24 Поаѓање на групата во 17 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.
07.12.24 Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите, па сместувањето e по разгледувањето на Истанбул. Разгледување на Истанбул – пешачка тура со локален водич, при што ќе се видат: Константиновиот столб, Хиподромот каде се наоѓаат Египетскиот обелиск и Теодосиевиот столб, Плавата џамија-со можност за влез, Аја Софија без влез, Топкапи музејот-влез во двор. Слободно време за шопинг во Аксарај и Капали Чаршија. Вечерта, посета на стариот град-Кумкапи. Нокевање.
08.12.24 Појадок. Со локален водич, Факултативно крстарење со брод по Босфорот: од Златниот рог, Галата мостот, покрај Галата кулата се продолжува со бродот покрај Долма Бахче палатата, а покрај брегот на Босфорот ќе се видат прекрасни палати, кули, вили…По крстарењето, со водичот се оди на факултативна посета на Азискиот дел – Чамлиџе ,од каде има неверојатен поглед на целиот Истанбул, а во паркот со фонтани, може да се вкуси традиционален пијалок- Салеп.Потоа, можност за факултативна посета на Сефир сеир тераса – највисоката кула од 238м., каде на најгорниот спрат се наоѓа кино со 4Д-анимација, се прави виртуелен разглед со хелихоптер на Истанбул. Вечерта факултативно посета на ресторан ГАР, со богата програма (танчери и танчерки) и мени на турска кујна. Ноќевање.
09.12.24 Појадок. Посета на Цариградската Патријаршија – центар на сите православни цркви, посета на боемскиот кварт Балат – со стари дрвени куќи во разни бои, со шармантни барови. Потоа, се оди до споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим, кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници со познати брендови. Потоа, посета на продавница од фабриката за: алва, баклава, локуми и др. Коска. На крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум и Декатлон, каде освен добар шопинг може да се посети и атрактивниот аквариум Turkuazoo. Поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.
10.12.2024 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Промо цена до 25.11.24=99 еур – 6140 денари.
Редовна цена 7900 ден.
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација според програмата
- 2 Н/П во хотел со 3* во Лалели-центарот на Истанбул
- пешачка тура-разгледување на центарот на Истанбул со локален водич
- посета на Патријаршијата-со влез,квартот Балат,Кумкапи,Таксим,Коска,Т.Ш.Ц.-ФОРУМ.
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко здравствено осигурување – задолжително – 250 ден. до 65г.,од 65-70г.=400д.
- факултативно крстарење со брод по Босфорот – 20 еур (резер. во агенција)
- мостовите на Босфорот со посета на Азискиот дел – Чамлиџе-10еур
- факултативна посета на Сефир сеир тераса со филм-4Д,-25 еур (рез. во агенција)
- вечера со програма во националниот ресторан “ГАР” – 30 еур (резер. во агенција)
- влезници за други културни историски знаменитости
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. БРАН ТУРС и СКТМ.