БУКУРЕШТ
ДРАКУЛА ТУРА
(Трансилванија – Романија)
06.03.2025 Поаѓање за Букурешт во 19 ч со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.
07.03.2025 Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат „Мал Париз„. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта,архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј,едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот -од 1936г. Сместување во хотел. Ноќевање.
08.03.2025 Појадок. Факултативен целодневен излет за Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, слободно време за прошетка низ центарот на градот:Стариот градски плоштад, Црната црква,прекрасни градби како од Средниот век,кафе барови… Враќање во Букурешт. Ноќевање.
09.03.2025 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на трг.шопинг центар и Факултативно,можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 грејани базени. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
10.03.25 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА: 7900 ден. за резервации и уплати од 30% до 30.01.2025.
Редовна цена 8900 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел www.cityhotelbucuresti.ro, на база 2 ноќ/појадок
- разгледување на Букурешт со водич
- лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- задолжително здравствено патничко осигурување – 250 денари.
- туристичка такса 1 еур по лице по ден (плаќање во агенција)
- доплата за еднокреветна соба 40 еур
- целодневен излет до Синаја-дворецот Пелеш,Замокот на Дракула-Бран и Брашов=25еу и доплата за влезници за наведените културни историски споменици-на лице место+-25е
- Факултативна посета на велнес центар-Терме –превоз=10еур +влезница на лице место
За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2025година.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита Денот на жената 8 – ми Март.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За аранжманот важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.