ВЕНЕЦИЈА
ТРСТ-ВЕРОНА-СИРМИОНЕ
Венеција град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади…Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција. Верона асоцијација на љубовта по Шекспировата Ромео и Јулија.
06.03.2025. Поаѓање во 14.00 ч од Прилеп со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
07.03.2025 Пристигнување во Трст во утринските часови. Разглед на градот: плоштадот Унита, операта “Џузепе Верди“, градското собрание, фонтаната “Нептун”… Се продолжува за Лидо ди Јесоло, сместување во хотел. Слободно време за шопинг и прошетка во Лидо ди Јесоло по 20км.долгата песочна плажа. Ноќевање.
08.03.2025 Појадок. Целодневен факултативен излет до Алпското езеро Лаго ди Гарда во подножјето на Алпите, кое изобилува со бајковити села и гратчиња,островчиња.. Посета на шармантното гратче Сирмионе со замокот Скалиѓеро опкружен со вода,што ова место го прави атрактивно за милиони туристи. Потоа се посетува Верона – градот на Ромео и Јулија, каде ќе се посетат: големата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра,Ербе и Дел Сињори. Слободно време во Верона. Вечерта враќање в хотел во Л.Д.Јесоло. Ноќевање.
09.03.2025 Појадок. Факултативен излет до Венеција. Поаѓање од Лидо ди Јесоло, па со брод од Punto Sabione до Венеција… Разгледување на градот со локален водич со слушалки: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждовата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде… Слободно време во Венеција за уживање, како и можност за возење со Гондола-симболот на градот. Околу 16.00ч. враќање со брод од венеција, па поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.
10.03.2025 Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ЦЕНА:9900ден. за резервации до 30.01.2025.
Редовна цена 10900ден.
Во цената се пресметани следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло
- посета на Трст, Лидо ди Јесоло и Т.Ш.Центар
- лиценциран придружник на екскурзијата
Во цената не се пресметани следните услуги:
- задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза -300 ден.до 65г.
- туристичка такса 2 еур по лице по ноќ
- превоз со автобус до Punta Sabione +брод до Венеција и назад, како и разгледување на Венеција со локален водич со слушалки – 30 евра
- целодневен излет до Верона и Сирмионе – 25 евра
- влезници за културно историските споменици
За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.
Напомена: Kраен рок на пријавување до 01.03.2025 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ