АТИНА 8МИ МАРТ 2026

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

АТИНА
Пелопонез -Пиреа-Глифада-Сунион

АТИНА – лулката на Западната цивилизација, најстара престолнина со преку 3400 години историја, моќен Антички град – држава.

05.03.2026 Поаѓање во 21.00 часот за Грција, ноќно возење со попатни паузи.
06.03.26 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: плоштадите Караискаки, Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне во центарот на Атина. Ноќевање.

07.03.26 Појадок. Факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафплион – првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град  и гробницата на Кралот Агамемнон. Враќање во хотел. Вечерта факултативно вечера во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. Ноќевање.

08.03.26 Појадок.Факултативен излет до : Пиреа -најголемото пристаниште на Балканот – со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада – најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Р,т на Балканот – Сунион ,каде се најдува храмот на богот на морето –Посејдон (по Грчката митологија).Враѓање во Атина и патувањето продолжува за Македонија, покрај Камена Вурла, Термопили, Лариса, ноќно возење со попатни паузи.

09.03.2026 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови .

ПРОМО ЦЕНА 8900 ден., за резерваци  и уплата 30 % до 30.01.2026

редовна цена 9900

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  •  Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување на база  2 НП во хотел Одеон со 3* во центарот на Атина (Омониа)
  • Разгледување на Атина со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на групата

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување – без франшиза (250 ден.до 65г., од 65-70г.=400д.)
  • Туристичка такса 1.5 еур по ден (се плаќа в хотел на лице место)
  • Доплата за еднокреветна соба 50 еур
  • Факултативен целодневен излет до Пелопонез (превоз и локален водич )- 30 еур
  • Факултативен излет до Пиреа,Глифада и Сунион (превоз и локален водич) -20 еур
  • Вечера во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. -35еур
  • Влезници за локалитетите
  •  Влезници за локалитетите(Акропол,Епидаурус,Микена,Агамемнон,Сунион-на лице место)

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници

Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2026 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.                                         

Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита денот на Жената “8 ми Март”

Останати Понуди