БУДИМПЕШТА 8 МИ МАРТ 2025

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

БУДИМПЕШТА-ВИЕНА

 

БУДИМПЕШТА Убавицата на Дунав, формирана од двата града Будим и Пешта, со впечатлива архитектура и уште повпечатливиот танц на Унгарската “Чарда“ и најромантичното крстарење под мостовите на Дунав… Виена- некогашен главен град на Австро – Унгарската Монархија, посетен од милиони туристи поради многубројните културно историски споменици, дворци (Белведере, Шенбрун), светска музичка престолнина – град во кој живееле композиторите Моцарт, Бетовен…

06.03.25 Поаѓање во 17.00 ч со туристички автобуси, преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

07.03.25 Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата на брдото Гелерт, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта: Плоштадот на хероите,Градскиот парк, улиците Андраш и Ракочи, Црквата св. Стефан, мостовите: Erzsébet híd, Arpad Hid, Lanchid-Ланчан мост со лавови и др.Сместување во хотел.Слободно време за  прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци..Ноќевање.

08.03.25 Појадок. Факултативен целодневен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич, кое започнува од палатата Шенбрун која била главна летна резиденција на Хабзбуршките владетели,палатата Белведере, а потоа се продолжува по Виенскиот кружен булевар Рингштрасе- кој поради својата архитектонска убавина и историја е наречена „господар на обиколните патишта“ и е назначен од УНЕСКО како дел од Светското наследство на Виена.Тука се наоѓаат најзначајните знаменитости на Виена: палатата Хофбург, Парламентот, Ратхаус, Виенската опера,споменикот на Јохан Штраус,Марија Терезија и др.,а разгледот завршува кај велелпната катедрала  св. Стефан од 12 –ти век. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан Чарда со програма и музика. Ноќевање.

09.03.25Појадок.Факултативно крстарење со брод по Дунав,посета на трговскиот шопинг центар Arena Mall.Попладнето поаѓање за Македонија,ноќно возење со попатни паузи.

10.03.25 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 8900 ден. за резервации до 30.01.2025г.
Редовна цена 9900г.

 

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта
  • разгледување на Будимпешта со локален водич
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза – 300 денари
  • туристичка такса 1 еур по ден -плаќање во агенција
  • целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич – 35 евра
  • крстарење со брод по Дунав – 20 евра
  • вечера во национален ресторан со жива музика и програма- “Чарда” – 40 евра
  • влезници за културно историските споменици


За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2025 година.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита денот на Жената “8 ми Март”.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

Останати Понуди