ИСТАНБУЛ 8 МИ МАРТ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ИСТАНБУЛ

Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија,чија историја започнува пред 2600 години. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш им бил главен град.

06.03.2025 Поаѓање на групата во 17 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.

07.03.2025Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите, па смештајот е по разгледот на Истанбул. Разгледување на градот со локален водич: Хиподромот, Султанахмедовата џамија(со влез) , Аја Софија, Топкапи музејот-влез во двор…Слободно време за шопинг во Аксарај и Капали Чаршија. Вечерта, посета на стариот дел на Истанбул- Кумкапи, со многу ресторани, барови… Нокевање.

 08.03.2025 Појадок. Факултативно Крстарење со брод по Босфорот. Потоа факултативна посета со локален водич на Цариградската Патријаршија , боемскиот кварт Балат-со стари дрвени куќи во разни бои,со шармантни барови, ресторани, па преку мостовите на Босфорот посета на Азискиот дел Чамлиџе, од каде има прекрасна панорама на Истанбул. Вечерта посета на национален ресторан ГАР, со богата програма и мени на турската кујна. Ноќевање.

09.03.2025 Појадок.Напуштање на хотелот , па преку мостот Галата се оди до споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим и слободно време за прошетка по Таксим, кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници со познати брендови, ресторани…Потоа посета на најпознатата продавница за алва, баклава, локуми и др.-Коска. На крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум и Декатлон, каде освен шопинг може да се посети аквариумот Turkuazoo. Поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно  возење со попатни паузи.

10.03.2025 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.                                                                                                                                                                  

ЦЕНА: 7200 ден. за резервации до 30.01.2025.

Редовна цена 8200д.

Во цената е пресметано:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќ/појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул  (Лалели)
  • разгледување на Истанбул со локален водич
  •  посета на Таксим, Коска,Форум….
  • организација и придружник на патувањето                                                                                        

Во цената не е пресметано:

  • патничко здравствено осигурување – задолжително – 250 ден. до 65г.,над 65г.=400д.
  • туристичка такса 1 еур по лице по ден (плаќање во агенција)
  • доплата за еднокреветна соба – 50 еур
  • факултативно крстарење со брод по Босфорот со водич – 20 € (резер. во агенција)
  •  факултативна посета на Цариградската Патријаршија, Балат и Азискиот дел Чамлиџе со водич -20 еур (резер. во агенција)
  •  вечера со програма во национален ресторан “ГАР”  – 30 € (резер. во агенција)
  •  влезници за други културни знаменитости                                                                                                                                                             Т. А. БРАН  ТУРС Ви го честита Денот на жената 8 – ми Март.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.       

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. БРАН  ТУРС и СКТМ.

Останати Понуди