ТЕМИШВАР
АРАД-ВРШАЦ
06.03.2025 Поаѓање за Темишвар во 19.00ч.преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори.
07.03.2025 Пристигнување во Темишвар во утринските часови, кој често го нарекуваат „Мала Виена“-поради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт,а прогласен е за европски град на културата во 2023 год. Разгледување на Темишвар со локален водич: Во центарот се трите плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона во форма на ѕвезда: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат: Соборната Романска црква, Националната Опера и Театар, Споменикот на Волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од Италија, Барокниот плоштад на Унијата со: Римокатоличката црква, столбот на кугата, Српската Соборна Црква, Плоштадот на Слободата со: Старата Градска куќа од 1734 г., споменикот на Дева Марија, Синагогата, Бистата на Децебалус, Музејот на Банатските села. Сместување во хотел. Слободно попладне, можност за шопинг во трговскиот шопинг центар LuliusTown. Ноќевање.
08.03.25 Појадок. Факултативен излет до Арад-богат со архитектонско извонредни градби, разглед со локален водич: Малцинската црква, Палатата Арад, Палатата Најман, Народната банка, Палатата Фелдес, Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот Државен театар, Црвената црква, Римокатоличката црква. Широкиот градски булевар на револуции со дрвја, со монументални градби.Враќање во Темишвар. Ноќевање.
09.03.25 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Темишвар. Поаѓање за Србија со попатно посета на Вршац каде ќе се видат: Вршачката кула, Музејот Конкордија, Стеријната и Градската куќа Магистрат, Соборната црква св.Никола… Вршац е град на традиција, вина, уметност и град кој го чува богатото културно наследство. Зградите што го опкружуваат централниот дел, датираат од 18 и 19 век., со убаво уредени цветни плоштади.. Главно занимање во Вршац е лозарството и винарството и според нивните податоци секоја фамилија во Вршац поседува вински подрум. Доцна попладне заминување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
10.03.25 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ЦЕНА: 7900 ден. за резервации до 30.01.2025.
Редовна цена 8900 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел со 3* на база 2 ноќ/појадок
- разгледување на Темишвар со локален водич
- посета на Вршац
- лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- задолжително здравствено патничко осигурување – 300 денари. до 65 год.
- факултативен излет до Арад-25еур
Напомена: Краен рок за пријавување до 01.03.2025година.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита Денот на жената 8 – ми Март.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За аранжманот важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.