БЕЛГРАД
НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, еден од најстарите градови во Европа, боемски град ,град со богата историја и културно историски знаменитости.
НОВИ САД: Сместен на реката Дунав, познат по Петроварадинската тврдина, град кој ја спојува традиционалната и современата модерна архитектура.
С.КАРЛОВЦИ: со прекрасна барокна архитектура од времето на Хабзбуршката монархија.
07.03.2025г.Поаѓање во 00.15 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Воениот музеј, Споменикот на победникот…Сместување во хотел.Слободно време во центарот на Белград по ул.Кнез Михајлова. Ноќевање.
08.03.25 Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата архитектура познат е и по Фрушкогорското вино Бермут-ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во винариите во Карловци. Притоа ќе се видат:Патријаршијата,црквата св.Никола, Српската гимназија,фонтаната“Четири лава”… Потоа се продолжува до градот Нови Сад – разгледување со локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание, Враќање во Белград. Вечерта факултативна вечера со музика во ресторан. Ноќевање.
09.03.2025г.Појадок. После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија, со попатни одмори. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни-ноќни часови.
ЦЕНА: 6600 ден. за резервации и уплата од 30% до 30.01.2025г.
Редовна цена = 7600 ден.
Во цената се вклучени следните услуги:
- автобуски превоз на наведената релација
- сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
- разгледување на Белград со локален водич
- лиценциран придружник на аранжманот
Во цената не се вклучени следните услуги:
- здравствено патничко осигурување – 200 денари за лица до 65години(65-70 г.=300ден.)
- туристичка такса 1.5 еур по лице по ден (плаќање во агенција)
- доплата за еднокреветна соба – 50 еур
- целодневен излет до С. Карловци и Нови Сад со локален водич – 20 еур
- Свечена вечера + пијалок со музика во ресторан -35 еур (резер.во агенција)
- крстарење со сплав по реките Сава и Дунав – 15 еур
- влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2025 година.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита денот на Жената “8 – ми Март”
Т. А. “БРАН ТУРС” – ПРИЛЕП