БЕЛГРАД
3 – 4 . 10. 2026
1 ден 02.10.2026 Поаѓање за Белград од пред агенција во 23.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
2 ден. 03.10.2026г. Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на 52-риот Меѓународен Саем за ПЧЕЛАРСТВО – ТАШМАЈДЕН-2026.
Традиционално на саемот ќе учествуваат најзначајните фирми кои ќе презентираат најсовремена опрема и прибор за производство на мед и производи од мед. Кој не оди на саемот , го оставаме во центарот на белград на улица Кнез Михајлова. Околу 14.00часот сместување во хотел. Попладнето, слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова, Калемегдан,Скадарлија…Ноќевање.
2 ден 04.10.2026 Појадок. После појадокот разгледување на знаменитостите на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, тврдината Калемегдан, Споменикот на победникот итн.Можност за факултативно крстарење со Брод-сплав за уживање во убавините на реките Сава и Дунав,како и панорама на Калемегдан,Кулата Београд (во форма на микрофон), Бранковиот мост итн…На крај се оди до најголемата атракција на градот “Београд на вода“-проект ,која за кратко време стана симбол на Београд, каде освен можност за прошетка по Променадата покрај реката Сава, со многу ресторани и барови, може да се посети еден од најмодерните трговски шопинг центри “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 4900 ден.
Во цената се вклучени следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел со 3* – 1 ноќевања со појадок во 1/2,1/3,1/4 соби
- разгледување на Белград со локален водич
- лиценциран придружник на екскурзијата
Во цената не се вклучени следните услуги
- здравствено патничко осигурување – 160 денари
- факултативно крстарење по Сава и Дунав – 15 евра (минимум 15 лица)
- влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран турс и СКТМ.


