ЛЕТО 2025
ЧЕШМЕ ИЗМИР – ЧАНАКАЛЕ-КУШАДАСИ-ЕФЕС-АЈВАЛИК
14.09. Поаѓање во 22.ооч. од Прилеп со туристички автобус за Турција преку Грција.
15.09. Пристигнување во Чанакале во утринските час., каде ќе се видат:Статуата на Тројанскиот коњ користена во филмот за Троја во 2004г.,Сахат кулата,Топот од 1915г.,Пазарот на Огледала, Поморскиот музеј.Пристигнување во Чешме,сместување во хотел. Капење.Вечера.Ноќевање .
16.09. Појадок. Слободен ден за капење.Ручек.Капење.Вечера.Вечерта,Факултативен излет до центарот на Чешме.Замокот Чешме е најважна знаменитост, Градскиот плоштад е срцето на Чешме,главната шопинг улица во Чешме е Инкилап Кадеси,со многу барови и бутици.Ноќевање.
17.09. Појадок. Слободен ден за уживање икапење.Ручек.Капење.Вечера.Вечерта,факултативен излет до. Алачати-познат по своите камени куќи, живописни тесни калдрмисани улички украсени со многу цвеќиња и орнаменти и ресторани со маси поставени по тесните улички. Ноќевање.
18.09.Појадок. Слободен ден за уживање и капење. Ручек.Капење. Полудневен Факултативен излет со локален водич до Измир.Ќе се видат: Кордонбојскиот залив, пристаништето Измир, Отоманската часовна кула и Кемералти чаршијата,Алеа Кордон..Слободно време.Ноќевање.
19.09. Појадок. Слободен ден за уживање и капење.. Ручек. Капење.Вечера Ноќевање.
20.09. Појадок. Целодневен Факултативен излет до Ефес ,Храмот на Артемида – најголемиот музеј на отворено, куќата на Богородица и Кушадаси во Стариот град Kaleici-со тесни криви улици,стари куќи,како и можност за шопинг.Доцна вечерта враќање в хотел.Ноќевање.
21.09. Појадок. Слободен ден за капење. Ручек. Вечера..Ноќевање.
22.09. Појадок.Слободно време во Чешме до 11.00часот.Потоа заминување за Македонија , со попатна посета на туристичкото гратче Ајвалик.Шармантен град кој плени со својата историја, убавина и културно наследство.Се продолжува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.
23.09. Пристигнување во Прилеп во утринските часови.
Цена: 38400 денари (620 еур)
Пријавување и уплата од 30 % до 14.07.2025 г.
Деца до 10 год.=9900ден(160еур), деца од 10-14год.=22300д.(360еур).Доплата во 1/1= 260еур.
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел Babaylon 4*на база 7 ALL Inclussive –сè вклучено: (појадок-ручек-вечера), доцен појадок, ужина, чај, колачи, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
- вклучени лежалки и чадор,користење надворешни базени-голем и детски
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- здраствено патничко осигурување- 300 ден. за лица до 65 год.,500ден. за лица од 65-70г.
- факултативен вечерен излет до Чешме=5 еур-факултативен вечерен излет до Алачати=5 еур
- факултативен полудневен излет до – Измир- со локален водич=15 €
- факултативен излет до –Кушадаси, Ефес, Куќата на Богородица-со локален водич= 30€
- влезници за локалитети
За овој аранжман важат општитие услови за патување на Т.А.БРАН ТУРС и СКТМ
Збогатете ги вашите доживувања со едно ново незаборавно летување и патување.
Т. А. БРАН ТУРС – ПРИЛЕП
Хотел Babaylon 4* е оддалечен на 8 километри од центарот на градот Чешме и е лоциран на плажа. Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација и по нјезината чиста вода. Хотелот располага со:комфорни соби со твц,тв, клима,фен за коса,отворен базен,детски базен… Стандардните соби се околу 25 м² (максимум 2 возрасни + дете или 3 возрасни), содржат два стандардни кревети или еден брачен кревет, дополнителен кревет е софа или расклоплив кревет.Бесплатни услуги: лежалки и чадори на плажа, користење на базен,тераса,Wi-Fi. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал
Чешме е прекрасен крајбрежен град, , кој го задржува својот оригинален традиционален карактер,кој го задржал својот локален шарм. Благодарение на прекрасното море, убавата архитектура и вкусната храна, се смета за рај за одмор Чешме има најдобар ноќен живот а опциите за забава се бескрајни.Замокот Чешме е една од најважните знаменитости, Градскиот плоштад е живописното срце на Чешме, а главната шопинг улица во Чешме-Инкилап Кадеси, со многу продавници и бутици.
Алачати на 15 км од Чешме, 20 км од хотелот. Еден е од најтрадиционалните градови во Турција, познат по своите камени куќи, живописни тесни калдрмисани улички украсени со многу цвеќиња и орнаменти и ресторани со маси поставени по тесните улички. Градот е познат и по своите ветерници..Од сите населби околу Чешме, Алачати е веројатно најживописно и привлекува внимание со своите фестивали, настани, ноќен живот и шик ресторани
Измир, кој се гордее со многу фасцинантни места на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, бројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.Пешачка тура со обиколка на Измир – градот каде што Европа се среќава со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови. Ќе се видат: Кордонбојскиот залив, пристаништето Измир , Отоманската часовна кула и Кемералти чаршијата- најразвиениот и најшарениот дел од градот, крајбрежната улица – Алеа кордон, позната по својот ноќен живот.
Ефес, третиот по големина град за време на Римското Царство, кој некогаш бил најважниот трговски центар во медитеранскиот регион. Антички Ефес – легенда за Грците и Римјаните, најголемото поле од урнатини во светот, сместено во близина на третото светско чудо – Храмот на Артемида – најголемиот музеј на отворено во модерна Западна Турција, едно од седумте чуда на Стариот век. Потоа , посета на Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета во целиот христијански свет, каде што Богородица ги живеела последните 7 години од својот земен живот. Се верува дека живеела тука откако била прогонувана од Ерусалим, а тука престојувал и апостол Павле. Да се поклоните и да запалите свеќа пред иконите – една за живите и една за починатите, да се прочистите духовно, да пиете вода од лековитиот извор за здравје, љубов и среќа, да се молите за вашите најблиски и да напишете белешка со желба.Потоа се оди до Кушадаси, во центарот на градот во Стариот град Kaleici-со тесни криви улици,со стари куќи,но и модерни куќи, продавници, можност за шопинг, а тука е Karavanseraj – место каде се одржуваат спектакуларни турски вечери со традиционални игри и танци. Bar street -улица со многу барови и клубови..тоа е улица која не спие
Ајвалик е шармантен крајбрежен град кој ги плени патниците со својата богата историја, природна убавина и културно наследство, каде што секоја калдрма и агол има приказна.Ајвалик е благословен со колекција од прекрасни плажи кои се одликуваат со кристално чиста вода и живописни глетки. Нуди живописен поглед со поглед што се протега кон грчкиот остров Лезбос.Првото нешто што ќе го видите е архитектурата што датира од далечната историја. Ќе најдете многу стари згради, џамии и цркви, вклучувајќи ја и црквата Ајос Јорги(св.Ѓорѓи), која сега е претворена во џамија.Корените на градот датираат од антиката, Ајвалик е познат по своето висококвалитетно производство на маслиново масло