МАЛА ПРЕСПА-КОСТУР 05.10.2025

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

МАЛА ПРЕСПА-св.Герман,св.Ахил,с.Нивице

КОСТУР-Пештерата на змејот
05.10.2025

Поаѓање во 06.00 часот, преку Битола, на гр.премин Меџитлија за Мала Преспа во Грција. Се поминува низ Лерин (Флорина) (20000ж.), името го добива во Византискиот период – Хлеринон што во превод значи – место со многу зеленило, па преку зимскиот ски – центар Вигла се оди до селото и црквата св. Герман, каде се наоѓа гробот на првиот Преспански поглавар – Герман. Потоа се оди до островот Свети Ахил, каде во 976 год. по вторпат се создало големо Македонско Царство – Самоиловото царство. Таму се наоѓаат гробовите на Македонските цареви: Цар Самоил, неговиот син Гаврил Радомир и внук му Јован Владислав. Потоа посета на село Псарадес (до 1927 год.) или сега Нивице каде на 17 Јуни 2018 год. е потпишан контравезниот Преспански договор или т.н. Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, на брегот на Преспанското  езеро. Поаѓање за Костур (Касторија) (20000ж.)–град сместен на брегот на Костурското езеро, познат по фабриките за преработка на кожа и крзно.Посета на Пештерата на Змејот(во Античко време била рудник за злато, а влезот го чувал Змеј) која се наоѓа покрај езерото, која е долга 300м.,а длабока 18м., со прекрасни Сталагмити и Сталактити, а во неа има 7 подземни езерца. Касторија е позната по тоа што имала преку 70 цркви и манастири. Најстара е Панагија Мавритиса од 10 век.Слободно време за прошетка и шопинг во центарот на Костур со можност за ручек на традиционално грчко јадење гиро – пита. Потоа па поаѓање за Прилеп на гр. премин Ники, и стигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 950 ден.

Во цената на аранжманот се вкулчени следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • водство и организација на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вкулчени следните услуги:

  • здраствено пaтничко осигурување – 80 денари за лица до 64 години, 160 ден. за лица од 65 –  69 години и 400 ден. за лица над 70 год.
  • влезница во Пештера на змејот

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат опшите услови на Т.А. БРАН и СКТМ.

Останати Понуди