Манастир ОСТРОГ
Манастир ДАЈБАБЕ и БУДВА
05/06.10.2024
05.10.2024. Поаѓање во 00:15 ч. со автобус, се упатуваме на гр.премин Ќафасан, па преку Тирана-Албанија за Црна Гора.Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, пауза и посета на трговскиот шопинг центар Делта Сити во Подгорица. Потоа се продолжува за Острог со попатна посета на Манастирот Дајбабе, црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица, изграден 1897г. Манастирот е со необичен изглед, претежно закопан во пештера. Потоа се продолжува за Острог, пристигнување и посета на Манастирот Василие Острошки, кој е сместен во карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот. Основан од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св. Василије Острошки се чудотворни и се наоѓаат во Горниот Манастир. Бесплатно ноќевање во Манастирот на отворено.
06.10.2024 Поаѓање од Острог кон Будва околу 9-10 часот, која е една од најатрактивните места во Црногорското приморје, прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван,Св. Марија… Слободно време во Будва, со можност за КАПЕЊЕ, во зависност од временските услови. Попладнето поаѓање за МК, се поминува покрај туристичките места: Бечичи, Св.Стефан, Петровац, Суто Море, Бар, Улцињ со прекрасна панорама, па преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи, пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 07.10.2024
Цена: 1900 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- посета на Будва,манастирот Дајбабе и Острошкиот манастир
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- осигурување – без франшиза – 160 денари до 65г., 300ден. 65-69год., 400ден 70-79год.
- ноќевање во Острошкиот манастир во дворот (бесплатно) или во соби – доплата по 5 еур по кревет (плаќање на лице место)
- туристичка такса на Острог – 1 еур ( задолжително)
- автобуски превоз од Долниот до Горниот манастир Острог-повратна (2-3еур)-не е задолжително
Напомена:Патувањето може да биди со пасоши или лични карти
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.