Милано – ПАРИЗ – Стразбург – Минхен
14.03 Поаѓање во 12 ч од Прилеп со туристички автобус преку Белград, Загреб, Љубљана. Денско и ноќно возење со попатни одмори.
15.03 Пристигнување во Милано во утринските часови, разглед на знаменитостите: Катедралата Дуомо, најстариот и најлуксузен трговски шопинг центар Виторио Емануеле, замокот Сфорца, Миланската скала..Сместување во хотел.Слободно попладне.Ноќевање.
16.03 Појадок.Поаѓање за Париз , денско возење со попатни паузи. Вечерта, пристигнување во Париз,сместување во хотел.Вечерна прошетка по улицата Пигале каде се најдува кабарето Мулен Руж, Монмартр–улицата на уметниците и црквата Сакр Кер. Ноќевање.
17.03 Појадок.Разглед на Париз со локален водич:Триумфалната порта, плоштадите Конкорд, Трокадеро и Бастиља, Елисејските полиња, катедралата Нотр Дам…Попладнето посети на Ајфеловата кула и крстарење по реката Сена.Вечерта, факултативно , посета на кабаре Мулен Руж од 21-23.00 часот. Ноќевање.
18.03 Појадок.Факултативна посета на Кралскиот Дворец Версај од Луј XIV, како и факултативна посета на најпознатиот музеј од средниот век Лувр. Попладнето,факулта- тивна посета на најголемиот и најубав луна парк Дизниленд. Враќање во хотел. Ноќевање.
19.03 Појадок. Поаѓање за Стразбург каде ќе се посети Европската четврт: Европскиот парламент, Судот за човекови права, Советот на Европа, вилата на Жозефина – љубовница на Наполеон, Камерзел – куќата од дрво, Катедралата Нотр Дам, квартот Мала Франција … Продолжување за Минхен, вечерта пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
20.03 Појадок. Разгледување на Минхен: Катедралата, Мариен Плац, Ратхаус – старото и новото градско собрание, црквата Св. Петар, посета на Трговски шопинг центар. Поаѓање за Македонија,денско и ноќно возење со попатни паузи
21.03 Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.
Цена: 29600 ден. за рез. до 15.01.2026г. Редовна цена 32000д.
Деца до 12 год. со 2 возрасни имаат 20% попуст.
Во цената се пресметани следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- 1ноќевања со појадок во хотел со 3* – Милано
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* – Париз
- 1ноќевања со појадок во хотел со 3* – Минхен
- разгледување на Париз со локален водич
- придружник на екскурзијата
Во цената не се пресметани следните услуги:
- задолжително патничко здравстевно осигурување без франшиза (300 ден. до 65год.)
- доплата за т. такса во хотелите во: Милано 5 еур , во Париз 5х3=15еур ,Минхен нема т.т.
- факултативен излет до Версај-превоз+влезница-30еур,деца до 18г.=20еур (рез. и уп. во аг.)
- крстарење со брод по реката Сена -25 €, деца до 11г.=10еур(резерв. и уплата во агенција)
- Ајфеловата кула–влезница по скали до 2-спрат=25еур, деца до 24г.=20еур(рез.и уп. во аген.)
- Дизниленд парк–превоз+влезница=70еур за деца до 11 год.,возрасни 80еур(рез.во агенција)
- Лувр-превоз+влезница=20 еур за деца до 18 год., 80 еур за возрасни(рез. и упл. во агенција)
- Факултативна посета на Мулен Руж -160 еур (рез.и уплата во агенција)
- други влезници за културно историските споменици
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Напомена: Краен рок за пријавување до 10.02.2026 година.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. БРАН ТУРС и СКТМ


