БОЖИЌЕН МАРКЕТ во КРАЈОВА ТУРНУ СЕВЕРИН + ВИДИН

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

     БОЖИЌЕН МАРКЕТ во

КРАЈОВА

ТУРНУ СЕВЕРИН + ВИДИН

КРАЈОВА – град што веќе неколку години е на топ листите на европските градови со најдобар и најголем божиќен пазар во Европа.Годишниот Christmas Market фестивал  во Крајова го трансформира градот во празнична зимска земја на чудата со трепкачки светла, локални занаети и традиционална храна и пијалоци.. Божиќниот пазар во Крајова на шармантните тезги нудат занаетчиски производи и ракотворби, како и богата регионална кујна и уникатни рачно изработени подароци, греено вино  Во Крајова можете да ја видите највисоката летачка санка на Дедо Мраз во Европа, да се возите на огромното панорамско тркало или да танцувате на лизгалиштето. Декорации инспирирани од самовили, џинови и кукли се наоѓаат покрај штандови украсени како вртелешки.Градот е осветлен од милиони светла, а рачно насликаните колиби додаваат бајковиден шарм.

05.12.2026 год. Поаѓање во 21.00 ч од пред агенција Бран турс ,за Крајова. Патот води преку граничниот премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори.

06.12.2026 год. Пристигнување во Крајова во утринските часови Разгледување на Божиќно украсената Крајова со локален водич:на пешачка тура низ историскиот и културен центар на Крајова, ќе видиме мешавина од елегантна архитектура, ќе се видат:Стариот град, Градското собрание со неговата палата од1913 г.,плоштадот Михаи Витеазул, куќата Баниеи (1699, најстарата зграда во Крајова),Универзитетот во Крајова (поранешната Палата на правдата), Националниот театар Марин Сореску и Музејот на уметност во рамките на палатата Жан Михаил, Митрополитската катедрала „Св. Димитриј“..Сместување во хотел. Попладнето  време за уживање на Божиќниот маркет, на плоштадот Михаи Витеазул. Шармантните тезги нудат занаетчиски производи и ракотворби, како и регионална кујна и ароматично греено вино. Светкави светла , шарени орнаменти и декорации ја надополнуваат дневната програма на забава на отворено и културни претстави.Тоа е атмосфера на празнична магија со божиќна музика.. Ноќевање.

07.12.2026 год.Појадок. Факултативен излет до Турну Северин .Градот има население од 80000 жители, се наоѓа во историската покраина Влашка на бреговите на Дунав, на нејзиниот истек од Ѓердап. Наспроти градот се наоѓа српскиот град Кладово. Местото е наречено Турн по „кулата“, која го чувала преминот преку Дунав во римско време. Овој град е наследник на античката римска Дробета, клучна тврдина и пристаниште на Дунав.Мостот на царот Трајан (103–105 н.е.) е изграден тука, кој бил долг над 1.130 метри – се смета за архитектонско чудо на своето време.Ќе се видат културно-историските знаменитости: Тврдината на Северин, Трајановиот мост,Палатата на културата , Водената кула,Музејот Железна  врата, Фонтаната Кинетика…. Слободно време во центарот на Турну Северин. Попладнето, враќање во Крајова.Вечерта повторно се оди в центар на божиќните штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и со мноштво миризливи колачи и топли пијалоци.Ноќевање.

 

08.12.2026год Појадок. Слободен ден за индивидуални активности низ центарот на Крајова, и уживање во божичниот амбиент. Посета на трговски шопинг центар.Попладнето поаѓање за Македонија,со попатна пауза во Видин,каде вреди да се видат :тврдината Баба Вида,Станбол Капијата,Конак музејот,Катедралата св.Димитрија.. Ноќно возење со попатни  одмори.

09.12.2026 год. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 9900 ден. За резервации до 15.10.2026г. Редовна цена 10900ден.

 

Во цената се вклучени  следните услуги :

  •  превоз со туристички автобус на дадената релација
  •  сместување во хотел www.hotel-emmawest.ro  4* – 2 ноќ/појадок
  • – разгледување на Крајова со локален водич,
  •  попатна посета на Видин
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • патничко здравствено осигурување – задолжително – 350 ден. до 65г., 65-70г.=500д.
  • туристичка такса 2 еур по лице по ден (плаќање во агенција)
  •  целодневен излет до Турну Северин  – 20 еур
  •     влезници за културнo историските знаменитости

 

Напомена:Рок на пријавување до 01.12.2026 година.

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување..

 

Т.А.БРАН ви го честита празникот на св.Климент Охридски- 8-ми Декември.

 

За овај аранжман важат општитие услови за патување на Т.А.Бран и СКТМ.

SnapInsta.to_AQOA6BtNpHZDHhbEE0QpOr-zB_dxdyH6wogIPJxRwvnHBVm_23P2rFJe1dHWsT4lM5Wx6TPAODH0z7vV7tVpSNAo (1)

Останати Понуди

super33
super33 slot
super33 login
api33
api33
api777
api777
api777
api777
api777
api777
api777