ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА И ШОПИНГ ДО
УРОШЕВАЦ
(КОСОВО)
16.11.2025
Поаѓање во 07.00 ч. од Прилеп преку граничниот премин Блаце. Пристигнувањето во село Јањево во Косово , каде ќе се посети Копија од Ајфеловата кула.Мини верзијата е осветлена исто како францускиот оригинал, и се наоѓа на брегот на вештачкото езеро Анија, каде што има брод и ресторан-кафе пауза. Ајфеловата кула,е висока 33 метри, десет пати помала од оригиналот.Може да се користи само првиот кат. Оваа Ајфелова кула симболизира љубов и романса, па затоа многу посетители сакаат да бидат фотографирани покрај неа.
Потоа се оди за Урошевац ,каде може да се видат 2-те најзначајни знаменитости на градот:Сунитската муслиманска џамија и Српската православна црква на Свети Цар Урош, кои што го докажуваат соживотот на две култури во овој град.Слободно време за шопинг вo The Village Shopping и Euroland-Ferizaj (се за 1 еур)….Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.
ЦЕНА: 800 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација ,
- посета на Ајфеловата кула во с.Јањево и Урошевац,
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување-без франшиза=80ден.-до 65год.;160д.-од 65-70год.
Рок на пријавување до 13.11.2025
Збогатете ги вашите доживувања со едно ново патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.
. Т. А. Бран – Прилеп


