КОСТЕНИЈАДА – 2025
МАКЕДОНСКИ БРОД
22.11.2025 Поаѓање во 08.00часот од пред агенција Бран- за Македонски Брод со попатна
посета на Пештерата Пешна, која своето име го добива по сестрата на Крали Марко- Пешна.
Пристигнување во Македонски Брод, на традиционалната манифестација КОСТЕНИЈАДА.
Манифестацијата „Костенијада“ е важен настан во Порече чија цел е да се промовира ова
надалеку познато овошје од Поречието (Поречски костен), кое се продава на пазарите не
само во Македонија, туку и во соседните земји. Традиционално се одржува од 2008 год. на
неколку места во околината на Порече. На настанот ќе учествуваат голем број културно-
уметнички друштва од целата земја, како и секции и друштва од Македонски Брод.
Покрај традиционално печениот и варен костен, на настанот можете да вкусите и голем
број деликатеси подготвени од вкусен поречски костен. Можност за посета на
парохиската црква св.Богородица изградена 1872г.Иконостасот и иконите се дело на
зографот Николај од Крушево (1883-1885г.), како и можност за ручек во рибен ресторан.
Низ Македонски Брод течи реката Треска ,која има 20-тина видови риби:Македонска,
Виножитна пастрмка, Мрена, Крап, Карас,Клен…Поаѓање за Прилеп во
попладневните часови -околу 16.00часот.
Цена : 300 ден.
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација,
-посета на пештерата пешна,црквата св.Богородица,
– водство и организација на екскурзијата
Поминете уште едно незаборавно доживување со Бран – Прилеп.


