ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО
МАВРОВО – ВРУТОК – ЛЕШОЧКИ МАНАСТИР
10.08.2025 Поаѓање во 07.00 часот од пред агенција Бран.Патувањето продолжува преку Македонски Брод-Кичево со пауза за појадок во ресторанот ”Мекиците од Стража”. Се продолжува до Изворот на реката Вардар- Вруток. Самото име Вруток значи извор, водата е чиста, за пиење, изворот е сместен во прекрасна природа, разновидна и богата шумска вегетација, со преубави рејлефи и пејсажи. Во непосредна близина се наоѓаат трите хидроцентрали Вруток, Врбен и Равен. Се продолжува за Тетово, каде попатно ќе се види Шарената џамија, па посета на Трговскиот шопинг центар Палма. Околу ручек пристигнување на Лешочкиот Манастир, еден од најубавите манастири во Mакедонија, во една прекрасна природа. Во манастирот се наоѓаат црквите св.Богородица и св.Атанасиј, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ-еден од најистакнатите Македонски преродбеници на 19-ти век. Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар манастир. Манастирот е основан во 1381год, од полошкиот апостол Антониј, за да по доаѓањето од Света Гора на Кирил Пејчиновиќ, се обновени манастирските конаци и библиотеката. Кирил Пејчиновиќ МПЦ го прогласи за светец. Слободно време за уживање во прекрасната природа околу манастирот, каде во прекрасниот Манастирски ресторан имаме Ручек, со претходно нарачано мени. Попладнето заминување за Прилеп со попатна пауза на Стража , во ресторанот ”Мекиците од Стража” и пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА: 650 денари
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација (автобусот е опремен со радио,усб, клима…)
– организација и придружник на екскурзијата
Во цената не е вклучено:
-појадок на Стража во ресторанот ”Мекиците од Стража”-сопствен избор
– ручек во Манастирскиот ресторан
Мени : 1.Шопска или Мешана салата,2. Шарска плескавица +Пилешки стек.+гарнир
( Тетовско Тавче гравче +пиперка) =450 денари.
Плаќање на лице место во ресторанот.
Поминете уште едно незаборавно доживување со Т.А. Бран – Прилеп.
Ви благодариме на довербата. Т.А Бран-прилеп