САНТОРИНИ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

САНТОРИНИ

САНТОРИНИ –  Симболот на грчкиот туризам, супермодел на грчките острови, најпосебниот остров на Медитеранот, инспирацијата на Платон, рај за очите…Санторини е една од   10-те најромантични дестинации во светот koj возбудува со разнобојните карпи кои се издигаат од морето, со препознатливите бели куќички специфични за кикладската архитектура, со спектакуларните  панорами, романтичните  залези на сонцето, вулканските  песочни плажи со бела, сива, црна и црвена боја,  со Калдерата која буди мечти и ги оживува возбудливите приказни за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓал токму тука… Санторини може да се опише и  со само еден збор – а тој збор е магија.

27.03.2025г. Поаѓање за Грција во 17:00 ч. од пред агенција Бран турс, дневно и ноќно патување, со попатни паузи.

28.03.2025г. Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07.30 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15.30 часот.Сместување во хотел.Попладнето факултативна посета на OIA (Иа). Можеби сте слушнале, можеби сте ги виделе сликите, сега е време да ја почувствувате магијата на едно од најпознатите зајдисонца во светот, што се случува токму на тоа место. Живописната ОИА, изградена на северниот дел на Калдерата, од каде што може да се види остатокот од островот и Егејското Море, беше инспирација за многу поети, сликари и писатели.Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање.

29.03.2025гЦелодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири, последните остатоци од Минојската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеја, затрупана од вулканска лава во 2 век п.н.е.(има влезница). Потоа посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање. Продолжуваме кон автентичното живописно село на островот – Мегалохори, како и највисокото населено место на островот-Пиргос– кое нуди одличен панорамски поглед на двете страни на островот,ќе се искачиме до црквата Успение на Пресвета Богородица и старата Венецијанска тврдина. Патувањето продолжува до градот ФИРА – главниот град на островот, уникатно место во светот,единствено по неговите бели куќи со сини покриви и сводови.Прошетка по Калдерата води до Фиростефани и Имеровигли- најлуксузните делови на градот Фира, како и прошетка до селото Скарос, исто така познат како карпа Скарос, или тврдина Скарос. Слободно време за индивидуална обиколка на местото, неговите тесни улички од бајките и нивните продавници за сувенири…На крај, вечерна прошетка низ Фира. Ноќевање

30.03.2025г.Појадок. Факултативна посета на најубавите и единствени винарии во Грција – Винарија КуцојанопулосВински музеј, која датира од 1600-тите и се наоѓа на 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простори во која се гледа (со анимации) презентација за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија се претставени сите 14 генерации производители на вино, од самиот нејзин почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаништето, со траектот,дневно и ноќно пловење кон Пиреја.Пристигнување во Пиреја околу 23:30часот. Поаѓање за Македонија со попатни паузи.

31.03.2025г.Пристигнување во Прилеп во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 15900 ден, за резервации и уплати од 30% до 31.01.2025г

16900 ден редовна цена

  • Во цената е вклучено:
  •  автобуски превоз на горенаведената релација;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3 *
  • трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреја;
  • трансфер со автобус од пристаништето во Санторини – хотел – пристаниште
  • придружник и реализација на аранжманот.
  • Во цената не е вклучено:
  • патничко здравствено осигурување -задолжително, до 65г=300 ден,од 65 до 70г.= 400 д.
  • туристичката такса 1 € по лице на ден плаќање во агенција
  • вечерна посета на OIA (Иа)=10 еур
  • Целодневен излет – FULL DAY SANTORINI со водич,со автобус-40  €
  • посета на винарија :автобус+влезен билет во Музејот на виното +дегустација на 4 различни видови вулкански вина од Винаријата во 4 различни чаши,+ мезе(свежо печени стапчиња од сирење и лепчиња со вкус на домат, фета сирење и маслинки, темно чоколадо) = 30€

Напомена: Организаторот на патувањето го задржува правото да го промени редоследот на поединечните содржини во програмата.Целосната уплата на аранжманот 10 дена пред поаѓање; Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т.А Бран турс и СКТМ

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

 

Останати Понуди