ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ во
ХЕРЦЕГ НОВИ
+ТИВАТ – ИГАЛО – КОТОР – БУДВА
Во Херцег Нови заштитен знак е егзотичниот цвет Мимозата. Мимозата е асоцијација на градот, имиџ и стил на живот. Затоа Херцег Нови се вика “град на цвеќето”
12.02.26 Поаѓање во 22.00 ч. од пред Бран со автобус преку Албанија, ноќно возење со паузи.
13.02.2026 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар, Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват, пауза во Тиват– на монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси,па се продолжува (со траект) за Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало.Разгледување на Игало – тоа е познатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, физички поврзано со Херцег Нови.Потоа разгледување на Херцег Нови.Градот го нарекуваат градот на сонцето(со најмногу сончеви деновина Јадранот), и градот на цвеќето-тука вегетираат 250различни видови растенија,па така градот претставува една голема ботаничка градина.Продолжуваме по шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи,кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“-од кои се гледа целиот Бокакоторски залив.Во Февруари цвета жолтото цвеќе Мимози, во чија чест се организира најзначајната фестивалска манифестација зачинерта со вкусна храна и забава.Вечерта е отворањето на 57-от фестивал на жолтото цвеќе-Мимозите на плоштадот , каде најавен е настап на Балканските популарни музички звезди Нина Бадриќ и Горан Каран…Ноќевање.
14.02.2026 Ден за учество во традиционалната улична забава посветена на Мимозите.Околу 11.00 часот организирано заминување кон Баошиќи,местотокаде се одржува централната манифестација.Долж ривиерата од Кумбор ,преку Џеновичи до Баошиќи, организаторите на сите гости бесплатно им делат пржена риба и вино,а низ улиците дефилираат Мажоретки во придружба на градскиот оркестар кои ги даруваат луѓето со цвеќето Мимоза, кое токму во Февруари му пркоси на зимата.Градот мириса на опојните мимози, кои ги има околу 35000 стебла-Мимози на ривиерата.Мото на годинашниот фестивал е “Додека сите спијат –мимозите се будат”.Во 13.00 часот на платото во Џеновиќи, свој настап ќе има естрадната уметничка Калиопи.Попладнето враќање во Херцег Нови.Вечерта на плоштадот во Х.Нови не очекува забава и одлична атмосфера со настапот на популарната Рок група Рибља Чорба. Ноќевање.
15.02.2026. Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Пoтоа се продолжува за Будва каде имаме слободно време за прошетка во стариот град, ручек и др.(+-2 часа). Продолжување за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.
16.02.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА до 15.01.2026=6990ден., Редовна цена 7990 ден.
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања во соби 1-ва категорија,студиа и апартмани во Херцег Нови
– разгледување на Херцег Нови и Игало, посета на Тиват
– организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– патничко здравствено осигурување(без франшиза) 250ден. до 65год., 300ден. 65-70 год.
– туристичка такса 1.5 еур по лице по ден=3 еур-плаќање во агенција
– посета на Котор (чек поинт,паркинг,влез во град)-задолжително-5 евра
– влезници за културно историските споменици
Напомена: Краен рок на пријавување до 10.02.2026 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран турс и СКТМ.


