САРАЕВО
МОСТАР – КРАГУЈЕВАЦ
22.05.2026 Поаѓање за Сараево во 18.30 ч преку г.п Табановце,па низ Србија со попатни паузи.
23.05.26 Во утринските часови пристигнување во САРАЕВО-таканаречен „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.Разгледување на градот со локален водич:Народниот театар, градското собрание,па преку реката Миљацка до Инат куќа, па се продолжува пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Катедралата, Величенствената Газихусербегова џамија,…Слободно време на Баш Чаршија за вкусување на Сараевски бурек,ќебапи во лепиња, десерт Туфахија…Сместување во хотел ХИЛС 5* .Слободно време за бесплатно користење на затворен базен со термална вода, wellness spa&health centar: употреба на римска,финска,био, инфрацрвена сауна,хамам, ладна,солена соба. Ноќевање.
24.05.26 Појадок.Факултативно излет до Мостар со попатна посета на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од “Битката на Неретва”. Пристигнување во Мостар каде се посетува Стариот мост на Неретва – симболот на градот.Слободно време за прошетка и ручек: Јагнешко под саќе,уштипци-питулици,десерт Баклава…Попладнето враќање в хотел.Слободно време за бесплатно користење на затворен базен со термална вода, wellness spa&health centar: употреба на римска,финска,био, инфрацрвена сауна,хамам, ладна,солена соба.Можност за вечерна прошетка на Баш Чаршија во центарот на Сараево. Ноќевање.
25.05.26 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ,изграден од Мехмед Паша Соколовиќ.Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”.По кратката посета,паѓање зa Шумадија-област во Србија со многу планини,реки, шуми–по што и го добива името. Пристигнување во најубавиот дел на Шумадија, Овчарско- Кабларската клисура (кралица на клисурите),долга 20км,на реката Западна Морава,која го пресекла патот помеѓу Овчар и Каблар бања, што е геоморфолошки куриозитет, опкружена со 10 манастири, познати како “Српска Света Гора”.Сите манастири се од големо културно-историско значење, кои претежно настанале за време на Турското владеење.Најзначајни се: св.Никола, св. Тројца, св.Благовештение и Сретење. Посета на св.Благовештение еден од манастирите кои се заштитени како споменици на културата од посебна важност,.На реката Зап. Морава се најдува најголемото Езеро-Меѓувршје, кое со својата убавина, чистота и чаробност го одзема здивот, долго 11км .Потоа се поминува низ срцето на Шумадија-Чачак, кој се одликува со добро сочувана архитектура, историско-верски локалитети. Продолжување за Крагуевац , седиштето на Шумадискиот округ,чие име потекнува по птицата Крагуј -врста Јастреб. Од 1818-1841г. е престолнина на Кнежевството Србија,на чело со кнез Милош Обренович, а 1820г. во Крагујевац доаѓа Вук Караџич за да го научи кнезот да чита и пишува.За време на 2-та св.војна од Фашистите, во Крагуевац се стрелани 3000 граѓани.Имаме разглед на културно историските знаменитости на Крагујевац со локален водич :Милошевиот венец: Старата црква од 1818г.-чиј основач е Милош Обренович, Градското собрание,Првата Српска Гимназија,Театарот…Потоа, факултативно, вечера во познатата Печењара БИБЛИОТЕКА Код Милутина.Тоа не е библиотека за книги, туку библиотека за печење,каде наместо романи се листат ребра,наместо поезија се пие вино, наместо враќање книги се враќаат тањири… Вечерта се тргнува за Македонија и пристигнување во Прилеп во раните утрински часови на 26.05.2026г..
ЦЕНА: 8600 ден.за резервации до 15.04.Редовна цена =9600ден.
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел ХИЛС со 5 * на база 2 ноќевања со појадок , вклучено бесплатно
- користење на затворен базен со термална вода, wellness spa&health centar: употреба на
- римска,финска,био,инфрацрвена сауна,хамам,солена соба,фитнес центар,wi-fi.
- разгледување на Сараево и Крагуевац со локален водич
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 250 ден до 65 год, 400ден 65-70год.
- туристичка такса 2.1 еур по лице по ден =250ден. – плаќање во агенција;
- факултативен излет до Врело Босне,Мостот од “Битката на Неретва” и Мостар -25 еур
- факултативна вечера во ресторанот- печењара Библиотека код Милутина
- влезници за културно историските споменици
Напомена: Доплата за сместување во 1/1 соба 45 еур.
Патувањето може да биди со лични карти или пасош.
Минимален број за реализација на факултативите е 25 лица.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Краен рок на пријавување до 15.05.2026.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита 24 – ти Мај , Денот на Македонските просветители.


