8-ми Декември КОПАОНИК  НОВИ ПАЗАР-ПРИШТИНА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

 8-ми Декември

КОПАОНИК – НОВИ ПАЗАР-ПРИШТИНА

КОПАОНИК  е најпознат туристички скијачки центар, најголем планински масив  и Национален парк во Србија.

БРЗЕЧЕ е туристичка населба со многу хотели, вили и апартмани, во подножјето на Копаоник, на само 15 км од самиот ски – центар Копаоник. Жичарите Бела река 1 и 2 го поврзува Брзече со централниот ски центар.

06.12.2025 Поаѓање во 4.00 ч. преку Г.П. Табановце за Копаоник, разглед на населбата Брзече, сместување во вила Иванович. Попладнето посета на Ски центарот Копаоник . Вечера.

07.12.2025 Појадок. Факултативен излет до Нови Пазар – кој се наоѓа во историскиот регион Санџак. Прошетка во центарот на градот и разглед на знаменитостите на градот: Хамамот-старото турско купатило,градската тврдина,Алтун Алем џамијата, Амира –Агин Хан,црквата св.Петар и Павле-Петрова црква од 13век..Враќање во Брзече. Вечера. Ноќевање.

08.12.2025 Појадок.Околу 12.00 часот поаѓање за Косово, посета на главниот град Приштина, каде може да се видат знаменитостите:Сахат кулата,плоштадот Мајка Тереза, градската Чарши Џамија,царската џамија Фатих, па посета на трговскиот шопинг центар Albi Mall. Се продолжува за Македонија преку г.п. Блаце, пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

Промо  ЦЕНА:6600 ден. за рез. до 17.11.2025г. Редовна цена 7600 ден.

Во цената е пресметано: 

  •  автобуски превоз на дадената релација
  •  сместување во вила Иванович – 2 полупансиони,
  •  лиценциран придружник на патувањето.

 

Во цената не е пресметано:

  • патничко здравствено осигурување-250 ден. за лица до 65г,350ден. за лица од 65- 70г.                                                                                                                            
  • факултативен излет до Нови Пазар – 10 еур                                                                                                                                      
  •  влезници за посетите и други неспоменати услуги

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување   Забелешка: Краен рок за резервација е 01.12.2025 2025 година

Т.А. БРАН ви го честита празникот Св. Климент Охридски

За овој аранжман важат општите услови за патување со Т.А. Бран и СКТМ

Останати Понуди