БЕЛГРАД 03-04.05.25

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

БЕЛГРАД 

 БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, град со богата и бујна историја. Боемскиот кварт – Скадарлија, тврдината Калемегдан, улицата Кнез Михајлова, како и многу други знаменитости достојни се за почит.

1 ден 03.05.2025 Поаѓање за Белград од пред  агенција  во  01.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот итн.Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова. Сместување во хотел.Факултативно – вечера со музика во ресторан . Ноќевање.

2 ден 04.05.2025 Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче и  Декатлон,  можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав.Потоа  слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”.Попладнето поаѓање за Македонија,со попатни паузи. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни или послеполноќни часови.

ЦЕНА: 4900 ден. за резервации до 10.04.2025г.
Редовна цена 5900ден.

Во цената се вклучени следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* – 1 ноќевања со појадок
  • разгледување на Белград со локален водич
  • придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги

  • здравствено патничко осигурување – 160 денари
  • факултативна вечера во ресторан
  •  туристичка такса 1.5 еур по лице по ноќ (плаќање во агенција)
  • факултативно крстарење по Сава и Дунав – 15 евра
  • влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Напомена:  Краен рок на пријавување  до 19.03.2025 година.

Останати Понуди