БЕЛГРАД 3 – 4 . 10. 2026

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

БЕЛГРАД

3 – 4 . 10. 2026

1 ден 02.10.2026 Поаѓање за Белград од пред  агенција  во  23.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

2 ден. 03.10.2026г. Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на 52-риот Меѓународен Саем за ПЧЕЛАРСТВО – ТАШМАЈДЕН-2026.

Традиционално на саемот ќе учествуваат најзначајните фирми кои ќе презентираат најсовремена опрема и прибор за производство на мед и производи од мед. Кој не оди на саемот , го оставаме во центарот на белград на улица Кнез Михајлова. Околу 14.00часот сместување во хотел. Попладнето, слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова, Калемегдан,Скадарлија…Ноќевање.

2 ден 04.10.2026 Појадок. После појадокот разгледување на знаменитостите на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, тврдината Калемегдан, Споменикот на победникот итн.Можност за факултативно крстарење со Брод-сплав за уживање во убавините на реките Сава и Дунав,како и панорама на Калемегдан,Кулата Београд (во форма на микрофон), Бранковиот мост итн…На крај се оди до најголемата атракција на градот  “Београд на вода“-проект ,која за кратко време стана симбол на Београд, каде освен можност за прошетка по Променадата покрај реката Сава, со многу ресторани и барови, може да се посети еден од најмодерните трговски шопинг центри “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.

          ЦЕНА: 4900 ден.

Во цената се вклучени следните услуги:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  •  сместување во хотел со 3* – 1 ноќевања со појадок во 1/2,1/3,1/4 соби
  •  разгледување на Белград со локален водич
  •  лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не се вклучени следните услуги

  • здравствено патничко осигурување – 160 денари
  • факултативно крстарење по Сава и Дунав – 15 евра (минимум 15 лица)
  • влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

 Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

 За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран турс и СКТМ.

Останати Понуди

super33
super33 slot
super33 login
api33
api33
api777
api777
api777
api777
api777
api777
api777