1-ви Мај В О Л О С – Е В И А
01.05.2026 Поаѓање во 06.00 часот пред агенција Бран, се патува преку граничниот премин Меџитлија со попатни паузи.Пристигнување на Метеорите, област Тесалија, која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири со висина од 100-150м. Некогаш Биле 24, но денес се активни само 4-5. Ќе се посетат Голема Метеора и Варлаам. Потоа се поминува низ туристичкото градче Каламбака – под Метеорите, кафе пауза, па се поминува низ Лариса и пристигнување во ВОЛОС во пладневните часови.Сместување во хотел AZUR hotel Volos 4*. Разглед на Волос-кој беше кандидат за Европска престолнина на културата во 2021 г., со 85000 жители.Волос е големо трговско пристаниште (по Пиреја и Солун), со врска со ферибот до островите Скијатос, Скопелос, Лемнос, Лезбос.Центарот на Волос е пешачката улица Ерму,катедралата Свети Никола.Катедралата од 1930-те , со огромна купола и камбанарија. Околу црквата има бројни кафулиња, барови и ресторани. Археолошкиот музеј Атанасакио е музеј од 1909 г. е еден од најстарите во земјата.Самата неокласична зграда е исто така атракција. Паркот Анаврос околу музејот нуди прекрасна прошетка покрај морето.Oмилено место во Волос е паркот Свети Константин. Волос е познат по алкохолниот пијалок-ципуро.Вечерта ,слободно време за прошетка и уживање покрај прекрасното пристаниште-кое го красат голем број на луксузни јахти.Ноќевање .
02.05.Појадок. Факултативен излет до островот Евиа со траект од Глифа до Агиокампос. Потоа се посетува најпознатото и најпосетувано туристичкото место Пефки.Од плажата на Пефки, од рестораните,кафулињата покрај брегот има прекрасен поглед према островите Скијатос и Скопелос.Потоа се оди до туристичкото место-Едипсос, популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè.Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето. 80 од 752 топли извори во Грција се наоѓаат во Едипсос, што го прави популарна туристичка дестинација.Можност за капење во морето под карпите.Враќање во Волос. Ноќевање.
03.05.26 Појадок. Поаѓање за Лариса-најголем град во регионот Тесалија, четврти град во Грција со околу 130.000жители. Се наоѓа на реката Пинеос.Во Лариса има неколку музеи: Археолошки музеј, Музејот за историја и уметност, Воени музеј.Aнтички театар е заштитен знак на Лариса и најважниот туристички споменик, Базиликата Свети Ахил е рановизантиска базилика посветена на Свети Ахил- заштитник на градот.Има голем уреден парк Алказар, „Папасовата воденица“,некогаш воденица а денес музејЛариса се рангира во градови со највисок процент на ресторани, таверни и барови по жител во Грција.. Поаѓање за Солун каде ќе имаме кратко панорамско разгледување на Солун:Авениа Ники, Белата Кула, Ротондата, Триумфалната порта –Галериус,па по Виа Игнациа до плоштадот Аристотелис,..слободно време во центарот на Солун.Заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА:7900 ден.,за рез. до 05.03.26г.Редовна цена 8900ден.
Во цената е вклучено:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување на база 2 НП во AZUR hotel Volos 4*
- Разгледување и посета на Метеорите,Волос,Лариса и Солун
- Организација на аранжманот и придружник на групата
Во цената не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување – без франшиза-250 ден.до 65г., од 65-70г.=400д.
- Доплата за еднокреветна соба = 60 еур
- Туристичка такса 3 еур по соба по ден (се плаќа в хотел на лице место)
- Факултативен излет до островот Евиа со траект – 30 еур
- Влезници за евентуални посети на музеи, локалитети, цркви…
Напомена: Краен рок на пријавување до 20.04.2026 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита меѓународниот ден на трудот – “1-ви Мај ”


