ВРОЦЛАВ – ВАРШАВА – ГДАЊСК – КРАКОВ – КОШИЦЕ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВРОЦЛАВ – ВАРШАВА – ГДАЊСК – КРАКОВ  – КОШИЦЕ

07.10.2026 Поаѓање во 15 ч со туристички автобус, преку Србија и Унгарија,Словачка, ноќно возење со попатни одмори.   08.10.2026..Пристигнување во Вроцлав во утринските часови и негово разгледување со локален  водич.Тој е еден од најстарите и најбајковитите градови во Полска,град со 12 острови и повеќе од 100 мостови ,сместен покрај реката Одра, пресечен од бројни притоки и канали,14 паркови и градини.Тој е културен центар со бројни театри, оперски куќи, концертни сали, ноќни клубови, музеи…Го нарекуваат шарен град поради фасадите на старите згради во сите можни бои. Заштитниот знак на градот се џуџињата, кои ги има повеќе од 400.На Островот Тумски се наоѓаат најважните историски градби во Вроцлав, Готската катедрала Свети Јован Крстител со своите вртоглави кули близначки, старото градско собрание, во кое се наоѓа Музејот на граѓанска уметност.Прекрасните градски мостови се атракција на Вроцлав.Мостот Грунвалцки е заштитен знак на градот и главна туристичка атракција,а поради неговото импресивно осветлување е особено убав ноќе.Ќе се посети и Тумскиот мост, чија тиркизна ограда содржи стотици љубовни катанци,па Вештерскиот мост, највисок во Вроцлав, на околу 14 м. над земјата, кој ги поврзува кулите на готската катедрала Света Марија Магдалена.. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Ноќевање.

09.10.2026 Појадок.Поаѓање за Варшава ,пристигнуваме околу пладне,каде имаме разглед на градот со локален водич: Варшава е основана 12-ти век. Грбот на Варшава прикажува сирена која држи меч и штит уште од 14 век Најпознатиот туристички дел од Варшава е стариот град. Пред околу триста години, денешниот шармантен стар центар на Варшава бил мал утврден град, чии ѕидини можат да се видат и денес.Бил речиси целосно уништен од нацистите на крајот од Втората светска војна. Кралскиот замок од 15 век се наоѓа на плоштадот Замкови и бил резиденција на војводите од Мазовија, а од 16 век седиште на кралот и парламентот. Плоштад Ринек во стариот град е дом на некои од најубавите згради во Варшава,каде ќе најдете бројни кафулиња, ресторани и продавници.Тврдината Барбикан една од најголемите туристички атракции.Катедралата св. Јован Крстител е една од трите варшавски катедрали и се смета за најстара црква во Варшава, во готски стил, а во неа биле крунисани и погребани војводите од Мазовија, како и многу полски великани.Статуата на Зигмунд е најстариот и највисок нецрковен споменик во Варшава, подигнат во 1644 год. во чест на владетелот кој го преселил главниот град од Краков во Варшава во 1596 год.Булеварот Краковски е место каде што многу кралеви, благородници, претседатели и други познати личности прошетале,и е наречен полски Шанзелизе.Тој е дом на бројни цркви,палати,споменици.Палатата во Виланов од 17 век била летна резиденција на кралот Иван III Собјески,е импресивна барокна зграда. Сместување во хотел.. Слободно попладне за прошетка низ центарот на градот..Ноќевање.

10.10.2026 Појадок. Факултативен целодневен излет и разглед со локален водич на Гдањск. Сместен на балтичкиот брег, еден од најубавите градови во Полска.Знаменитости: Музејот на Втората светска војна, Европскиот центар за солидарност е музеј посветен на зачувување на историјата на движењето Солидарност, кое одигра клучна улога во падот на комунизмот во Полска, сместен во  зграда со боја на ‘рѓа.Вестерплате е висок споменик во спомен на храброста на полските војници, место каде што започна Втората светска војна во Европа на 01.09.1939 год.Во срцето на Стариот град, Долгиот пазар е едно од најживописните места во Гдањск.Oваа широка пешачка улица е наредена со шарени трговски куќи, кафулиња, продавници и некои од најпознатите знаменитости на градот: Црквата „Света Марија“, често нарекувана „Круна на Гдањск“, е една од најголемите цркви од тули во светот и прекрасен пример за готска архитектура,со нејзините високи  тавани, витражи и прекрасна колекција на импресивни готски и ренесансни уметнички дела,и астрономскиот часовник од 15 век. Градското собрание, е импресивна готско-ренесансна зграда сместена во срцето на Стариот град на Гдањск.Нептуновата фонтана, една од најдобрите атракции , ремек-дело на рококо уметноста изградена во 17 век.,со бронзена статуа на Нептун, римскиот бог на морето. Историскиот Артуров дворец,некогаш бил место за собирање на богати трговци и центар на градскиот живот, од 14 век,со готска фасада.Музејот на килибарот е посветен на зачувување на идентитетот на Гдањск како „светска престолнина на килибарот“…Слободно време за индивидуални активности.Вечерта враќање во Варшава. Ноќевање.

11.10.2026 Појадок. Поаѓање за Краков,втор по големина и еден од најстарите градови во Полска. Сместен на реката Висла,основан во 7 век, денес центар на полскиот академски, културен и уметнички живот. Градот има 760.000 ж., а од 1038 до 1569 година бил главен град на Полска.Овој Полски бисер е полн со знаменитости:Стариот град ,полн со прекрасни згради, ресторани и шарени барови, е на листата на светско наследство на УНЕСКО.Главниот градски плоштад- Ринек Глувни од 13 век опкружен со историски куќи и цркви, се издигаат готски кули на базиликата Света Марија, еден вид симбол на Краков.На ридот Вавел, висок 228 м., се наоѓа Кралскиот замок, еден од најубавите ренесансни палати во Европа, со оружарница и катедрала во чија крипта лежат гробовите на древните кралеви на Полска, кои таму биле крунисани. Краков се гордее со Јагелонскиот универзитет од 1364 год го основал полскиот крал Казимир III. Велики.На 6 ноември 1939 г., по нацистичката инвазија на Полска,184 професори биле уапсени и депортирани во концентрационен логор. Друга група научници била заробена од Советите во 1940 г. и погубена во Катинската шума по наредба на диктаторот Јосиф Сталин.Еден од поновите музеи во Краков е подземниот метро Ринек, сместен четири метри под главниот градски плоштад.Како атракција на Краков се:подземниот рудник за сол во Виеличка и озлогласените нацистички концентрационен логор Аушвиц и Биркенау-нема да се посетуваат.Се продолжува за Кошице ,пристигнување во Кошице во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

12.10.2026 Појадок.Разглед на Кошице со водич, при што ќе се видат:Готската Катедрала „Света Елизабета“ од 15 век.Улица Хлавна-е една од најдолгите пешачки зони во Словачка, има барокна фонтана на Света Троица со статуа на Света Троица-висока 14 м. Урбаната кула- Нуди панорамски поглед на Кошице од неговата висина од 59 м.Државниот театар на  Кошице-е вреден уметнички центар со над 120 год. традиција,Фасадата е украсена со традиционални словачки мотиви, Музејот на Источна Словачка со импресивна колекција од 500.000 средновековни артефакти , Палатата Јакаб-украсена со повеќе од 100 богати декоративни детали и уникатни фрески, Капелата „Свети Михаил“-во барокен стил,на покривот стои мала фигура на Свети Михаил, кој го штити градот од оган и непријатели. Слободно време за шопинг.Околу 13.00ч. заминување за МК преку Унгарија, Србија ноќно возење со попатни паузи.Пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 13.10.2026г..

 ПРОМО ЦЕНА: 24000 ден.,за резервации до 01.09.2026г. Редовна цена 26900 ден.       

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 4 ноќевања со појадок во хотели:
  • 1нп-h. Wyndham Wroclaw Old Town-4*, – https://www.wyndhamwroclawot.com/
  • 2нп-h.Radisson Blu Sobieski Warsaw 4*- https://www.radissonhotels.com
  • 1нп во h. Congress hotel Centrum 3*-Кошице- https://www.hotel-centrum.sk/
  • разгледување на Вроцлав , Варшава, Краков и  Кошице со локален водич
  • лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза – 350 ден
  • туристичка такса за хотелите во Вроцлав  х 3.5 еур,Варшава 2х3,5еур  и Кошице. х 3.5 еур
  • целодневен излет до Гдањск и негов разглед со локален водич – 40 €
  • влезници за културно историските споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување. 

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

Останати Понуди