ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
КОРЧА-ПОГРАДЕЦ-СВ.НАУМ
31.05.2026
Поаѓање во 06.00 часот од пред агенција Бран со автобус за Албанија преку Ѓавато ,покрај Ресен и брегот на Преспанското езеро, Отешево до граничниот премин Стење.По граничните формалности се продолжува за Корча , кафе пауза во рестораните Васил и Џона во Долна Горица. Се продолжува за Корча, разгледување на градот при што ќе се видат: Катедралата- Воскресение Христово, Булеварот свети Ѓорѓи, Стариот пазар, театарот Андон Зако…Слободно време за шопинг во центарот на градот. Попладнето заминување за ПОГРАДЕЦ каде имаме можност за ручек во ресторан, познат по добрата риба Крап, Пастрмка и Белвица – по поволни цени.По ручекот,поаѓање за Македонија со попатна посета на Манастирскиот комплекс Св.Наум.Продолжување за Прилеп и пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА: 790 денари.
Во цената се пресметани следните услуги:
– автобуски превоз на дадената релација,
– организација и придружник на екскурзијата.
Во цената не е пресметано:
– задолжително патничко здравствено осигурување = 80 ден.до 65 години, 160 денари од 65-70 год. и 400 ден.над 70 годишна возраст.
Збогатете ги вашите доживувања со едно ново патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.
Т. А. Бран – Прилеп


