ЛЕТО 2026 – ХРВАТСКА ПЕРЛА РЕСОРТ 4*- РОГОЗНИЦА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

   ЛЕТО 2026 – ХРВАТСКА    

ПЕРЛА РЕСОРТ 4*- РОГОЗНИЦА  

РОГОЗНИЦА- е волшебен бисер на Далмација, со шармантен медитерански дух, природна убавина и автентична далматинска атмосфера, со сигурен и заштитен залив, го прават атрактивно место за одмор. Близината од 8 км од Примоштен, 25 км од Трогир, 30 км до Шибеник, 60 км од Сплит, во близина на два национални парка: Крка и Корнати, близината на  островите Шолта,Брач,Корнати, хотел Перла Ресорт со 4*,на сама плажа,со лежалки и чадори за гостите, со 4 базени…сите тие придонесуваат за незаборавен идеален одмор..

1 ден. 13.09.26 Поаѓање од пред агенција Бран во 17.00ч.-со туристички автобус,преку Албанија и Црна Гора, долж Јадранската ривиера, ноќно и денско возење со попатни паузи.

2 ден.14.09.26 Пристигнување во Сплит во утринските часови,кратко разгледување на градот: Катедралата Свети Дује,Променадата-Ривата, Диоклецијановата Палата.Продол- жување за Рогозница,сместување во Перла Ресорт.Слободно време за капење. Ноќевање.

3 ден 15.09.26 Појадок. Слободен ден за капење.Попладнето, можност за посета на центарот на Рогозница-(на само 1 км од хотелот), стар град исполнет со шармантен медитерански дух,шеталиште, марина, со интересни знаменитости: Змејовото око,Марина Фрапа,светилникот Мило, црквата Успение на Пресвета Богородица….Ноќевање .

4 ден.16.09.26 Појадок Слободен ден за капење. Ноќевање.

5 ден.17.09.26 Појадок Слободен ден за капење.Попладнето, факултативен излет до Националниот парк Крка со познатите слапови на реката Крка.Потоа ,посета на Шибеник каде ќе се видат:Катедралата св.Јаков-која е под заштита на УНЕСКО,Собранието, четирите средновековни бунари…Слободно време во Шибеник.Вечерта враќање в хотел. Ноќевање.  6ден.18.09.26 Појадок.Слободен ден за капење и уживање.Доцна попладне факултативен  излет до Примоштен.Највпечатлив симбол на Примоштен е неговиот стар град, сместен на полуостров. Ова живописно јадро изобилува со тесни камени улички, шармантни бели камени куќи и балкони исполнети со цвеќиња. Црквата Свети Ѓорѓи и нејзината камбанарија доминираат на хоризонтот, давајќи му на градот посебен шмек.Ноќевање.

7 ден.19.09.26 Појадок.Слободен ден за капење.Полудневен Факултативен излет до Задар – градот на Јадранот каде што „морето пее песни„.Познат по  музичкиот инструмент „Морска оргула“ и по зајдисонцето-„Поздрав до сонцето“. Градот е богат со десетици историски градби и места, а го привлекува интересот на туристите со своите модерни архитектонски градби. Притоа, ќе се видат:најголемата катедрала во Далмација,повеќе историски куќи,тврдините,старата чаршија.Вечерта враќање во Ресортот Перла. Ноќевање.

8 ден.20.09.26 Појадок Слободен ден за капење. Ноќевање.

9 ден. 21.09.26 Појадок.Во 10.00 часот заминување за Македонија, поминувајќи покрај многу убави туристички места, како: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, Градската порта, Кнежевиот двор од 13-ти век-сега градско собрание, палатата Чипико од 13-ти век, тврдината Камерленго,Трогирската Рива со голем број на јахти ,барови и шеталиште за уживање.Потоа се поминува низ “Гусарскиот град” Омиш , Башка Вода, Подгора…и други. Попатна посета на неодоливата Макарска при што ќе се видат: Кацичевиот плоштад,цркв.св.Марко и прошетка по убавото шеталиште-Рива..Се продолжува преку Дубровник, Млини, Х.Нови,Тиват, Будва,Тирана, ноќно возење со попатни паузи.

10 ден. 22.09.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

Цена: 590 еур=36600 ден.за резервации до 14.01.2026.(редовна цена+70е)

Деца со родители во 1/3 и 1/4 до 12 год. = 29000 ден. Доплата во 1/1= 245еур.

 

 

Во цената е вклучено:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  • 7 ноќевања со појадок во луксузниот Перла Ресорт 4*, со сопствена плажа, 4-ри базени,бесплатно користење на базените со чадори,лежалки, крпи, климатизација во собите, wifi…
  • попатни посети на: Сплит,Трогир,Макарска

придружник и организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување без франшиза -300ден. до 65г., 500 од 65-70г.)
  • туристичка такса 1.8 еур по лице по ноќ (плаќање во агенција)
  • вечерен излет до Примоштен-5 еур
  •  полудневен излет до Крка и Шибеник – 15 еур +влезница во водопадите на Крка
  • полудневен излет до Задар – 20 еур

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно летување и патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Бран турс и СКТМ.

 

Останати Понуди