РАФТИНГ на ТАРА ШАРГАНСКА ОСМИЦА-ТРЕБИЊЕ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

РАФТИНГ на ТАРА

ШАРГАНСКА ОСМИЦА-ТРЕБИЊЕ

 

01.08.2026 Поаѓање во 23:00ч.,се патува преку г.премин Табановце ноќно возење со паузи. 02.08.2026 Во утринските часови пристигнување во Мокра Гора– од каде со Шарганска осмица имаме возење со возот „Ќира“ , т.е. сега „Носталгија“.Тоа е музејско -туристичка железница со тесен колосек од 760 мм, која е направена од Австро-Унгарија од 1902 г.-1906г. Од Мокра Гора до станицата Шарган Витаси, „Носталгија“ поминува низ 22 тунели, повеќе  мостови, а патниците се воодушевени од убавината на природата. Продолжување за Босна преку Вишеград,-ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед П. Соколовиќ. Пристигнување во Фоча-град со богата историја:Часовната кула од 1758 г ,од Мехмед-паша Кукавица,храмот Свети Сава, џамијата Алаџа од Хасан Незир..Продолжување  низ прекрасна природа до Кампот за рафтинг на реката Тара на граница помеѓу БиХ и Црна Гора, Сместување во бунгалови.Богата вечера на база шведски стол.Ноќевање.
0
3.08.26 Појадок. Ден за РАФТИНГ на реката Тара..при што се добива рафтинг опрема, безбедносни елеци,кацига,неопренски костум,чизми,весло.Превоз со џипови до Брештовице ,почетна точка за рафтинг,од каде со специјални чамци се плови низ најатрактивниот дел на реката Тара,притоа освен адреналинскиот рафтинг,се посетуваат водопадите – Шипчаница, се прават фото – паузи, капење…Тиркизно сина вода, моќни брзаци,спектакуларни кањони и природа што остава без здив. Ова не е обично патување ова е експлозија од, емоции и незаборавни моменти на двете најпознати реки на Балканот Тара и Дрина!Враќање во кампот.Ручек. Слободно попладне во кампот. Традиционална богата  вечера од домашни специјалитети со логорски оган. Ноќевање.
04.08.26 Појадок.Заминување за Националниот парк Сутјеска,посета на Спомен-комплексот Тјентиште – изграден во спомен на паднатите војници од Битката кај Сутјеска, од 1943г. Потоа се продолжува до Требиње.Разгледување со локален водич:Џамиите „Султан-Ахмед“ и „Осман-Паша“, „часовната кула“,Стариот градски „Кастел“, мостот Перовиќ (Арслан-Агиќ-го изградил Мехмед-паша Соколовиќ во 1574 г.), Чинарите –  еден од најпрепознатливите симболи на Требиње.Летната градина Платани е оаза во топлите денови со над 120-год. дрвја,природна сенка од 16 планински чинари. Заминување за Македонија преку Подгорица, Скадарско езеро, Тирана…Ноќно возење со попатни паузи.

05.08.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

 ЦЕНА: 11900 ден. до 10.07.2026г. Деца до 15г.во 1/3 бунгалов=9900ден..

Во цената е вклучено:

– превоз со туристички автобус на наведената релација-3200

– сместување во Рафтинг-Камп на Тара во 1/2,1/3,1/4 бунгалови=2 полупансиони(2 појадоци  и 2 вечери ) + ручек + рафтинг со чамци,со комплет опрема и инструктори

– организација на аранжманот и придружник на групата

 

Во цената не е вклучено:

-патничко здравствено осигурување-без франшиза-250 ден.-до 65год.,400ден.од 65-70г

– доплата од 10 еур по лице по ноќ во бунгалов со сопстено TWC

– туристичка такса и такса за национален парк-5 еур-плаќање вo автобус

-возење со Шарганска осмица(Мокра Гора-Шарган Витаси-Мокра Гора)-15 еур(рез.во Бран)

-задолжителна доплата од 5 еур за посета и разгледување на Требиње со локален водич

-влезници за културно-историски споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и уживање.

Останати Понуди