ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР И КРАТОВО
28.09.2025
Поаѓање во 07.00 ч. од пред агенција Бран за Лесновскиот манастир , преку Велес , Штип и Злетово со попатни паузи.Пристигнување во Лесново каде се посетува Лесновскиот манастир.Тој е еден од најубавиte средновековни споменици на културата во МK.Исто така познат е и по својата моќ да лекува болни лица.Селаните веруваат дека светецот Гаврил ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух е присутен.Главната манастирска црква е посветена на светите Архангели Михаил и Гаврил.Настанувањето на манастирот се поврзува со пустиникот Гаврил Лесновски во кој тој и се замонашил. Според едно од житијата, во средината на 11-ти век во с.Лесново живееле 4-цата големи испосници : Јован Рилски,Јоаким Осоговски,Прохор Пчински и Гаврил Лесновски. 4-цата светители скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг живот во пештера во Лесновската гора. Откако оствариле духовна зрелост,заминале на 4-ри различни страни за продол- жување на сопствената духовна мисија, притоа изградувајќи 4-ри прекрасни манастири, а Гаврил останал во Лесново и го основал Лесновскиот манастир. Иконостасот во црквата е во длабока резба од 1811-1814г.,прво дело на тајфата на Петре Филипоски Гарката. Камбанаријата и манастирските конаци изградени се во 19-ти век.Во манастирот некогаш имало 200-300монаси ,и била една од најголемите монашки заедници во овие простори. Потоа се продолжува за Кратово – град изграден во грлото на изгаснат вулкан,со типична староградска македонска архитектура, познат по своите кули и мостови,тесните чаршиски камени сокаци,занаетчиски и трговски дуќани. Куќите се градени претежно од камен,плитар и дрвени конструкции,а стреите и таваните се украсувани со декоративни штички.Кратово може да се пофали со средновековни кули,кои порано биле 13, а сега зачувани се само 6.Од сите мостови,најпознат е Радин мост од 1833г.изграден од Хавзи Паша над Манцева река, но за туристите интересен е Грошчискиот,Чаршискиот,Јоркширски от и Горномалскиот мост. Низ кратово течат Кратовска река и уште 3 помали реки.Слободно време за ручек. Кратово е познат по: пастрмајлии печени во фурна;т.н. “кцана” сол од “везана пиперка “ збогатена со нане,ноктарец,мајчина душица,морска сол; и по турско кафе во бакарно гезве.Попладнето поаѓање за Прилеп и пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА : 690 денари
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација,
- посета на Лесновскиот манастир и Кратово,
Во цената не е пресметано:
- влезници за посетите,
- ручек :пастрмајлија +- 300ден.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и уживање.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран-Прилеп