Дочек на НОВАТА 2024 г. во
ХЕРЦЕГ НОВИ
ИГАЛО – ДУБРОВНИК- БУДВА
29.12.2023 Поаѓање пред агенција во 23.00 часот со автобус преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.
30.12.2023 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар,Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват (со траект) или Котор пристигнување во Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани. Прошетка низ Игало – тоа е најпознатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи… кое е долго од Игало до Мељине, кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“. Ноќевање.
31.12.2023 Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах итн. Враќање во Херцег Нови. Вечерта дочек на Новата 2024 г. на плоштад во Херцег Нови, најавен е настап на Горан Брегович и Бело Дугме Ален…Ноќевање.
01.01.2024. Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив, Будва- прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија…, па се продолжува за Македонија преку Тирана, ноќно возење со попатни паузи.
02.01.2024 Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови.
Цена:5600 ден.,за резервации до 01.12.2023, редовна цена 5900д.
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања во соби 1-ва катег.,студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало
– разгледување на Херцег Нови, Будва, Игало…
– организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– патничко здравствено осигурување – без франшиза – 200ден. до 65год., 350ден. до 70год
– факултативен излет до Дубровник -20 еур
– влезници за културно историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2023 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН – Прилеп Ви ја честита новата 2024 година.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран турс и СКТМ.