Нова 2026 година во АТИНА
Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез
30.12.25 Поаѓање во 21.00 часот од Прилеп, преку Гевгелија, ноќно возење со паузи.
31.12.25 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел во центарот на Атина. Слободно попладне во центарот на Атина. Вечерта факултативно Дочек на новата 2026 на плоштад каде секоја година има богата музичка програма, или во Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни и игри.Ноќевање.
01.01.26 Појадок.Факултативен излет до: Пиреја-најголемото пристаниште на Балканот-со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада-најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Рт на Балканот Сунион – каде се најдува храмот на богот Посејдон. Факултативна вечера во Национален ресторан-Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни, игри и ора и со народни носии од цела Грција. Ноќевање.
02.01.26 Појадок. Факултативен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал-атракција која го одзема здивот, Епидаурус-најакустичниот амфитеатар од Античка Грција, Микена-Античкиот град на Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Попладнето враќање во Атина, па се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 03.01.2026
ПРОМО ЦЕНА до 17.11.2025 = 8600ден., редовна цена 9600 ден.
Во цената е вклученo:
- автобуски превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во Golden City Hotel – 3*
- разгледување на Атина со локален водич
- организација на аранжманот и лиценциран придружник на групата
Во цената не е вклученo:
- задолжително патничко осигурување(без франшиза) 250 ден.до 65г.,300ден. до 70год.,400д.над 70г.)
- туристичка такса 1 евро по лице по ден=2 евра (плаќање во агенција)
- целодневен излет до Пелопонез (Коринтски канал,Епидаурус и Микена) со локален водич=30 еур
- факултативен излет до Пиреа, Глифада и Сунион со локален водич=20 еур
- влезници за локалитетите (Акропол,Епидаурус,Микена-Агамемнон,Сунион…)
- новогодишна вечера со програма во Таверна на 01.01.2026=40 еур
- доплата 1/1 соба=45еур
Т. А. Бран Турс Ви ја честита Новата 2026 годинa.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.


