Нова 2025 година во ВИЕНА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Нова 2025 година
БРАТИСЛАВА-БУДИМПЕШТА-ВИЕНА

Р А С П Р О Д А Д Е Н О


29.12.2
4 Поаѓање во 14.00 часот, преку Србија, ноќно возење со попатни одмори.

30.12.24 Пристигнување во Братислава во утринските часови и панорамско разгледување на градот со локален водич:Братиславскиот замок од 10 век, Готската катедрала св.Мартин-во која се крунисани 9 Унгарски кралеви и 8 кралици, Роландовата фонтана, Михаиловата кула, Словачкиот народен Театар, Градскиот плоштад, Старото градско собрание, Плавата црква… Сместување во хотел. Слободно попладне и уживање во божичната предновогодишна атмосфера. Ноќевање.

31.12.24 Појадок. По појадокот целодневен факултативен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата св.Стефан, Хундервасер- куќата… Слободно време низ центарот на Виена, во прекрасна новогодишна атмосфера, вечерта дочек на новата 2025 год на плоштадот Ратхаус-Виена. По полноќ, враќање  во Братислава.Ноќевање.

01.01.25 Појадок. Поаѓање за Будимпешта и панорамско разгледување на градот со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската Тврдина…, Пешта: Споменикот на хероите; Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи; Црквата св. Стефан, мостовите на Дунав како и прошетка низ центарот по улицата Ваци…Факултативно крстарење со брод со чаша шампањско-по реката Дунав.Поаѓање за Македонија преку Белград, ноќно возење со попатни паузи.

02.01.25 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ПРОМО ЦЕНА до 16.12.24=13900ден.,
редовна цена 14900 ден.

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Братислава во хотел со 3*
  • разгледување на Братислава со локален водич
  • лиценциран придружник на групата

Во цената не е вклучено:

  • здравствено патничко осигурување(задолжително) 300 ден до 64 год.,400ден. 65-69год., 500 ден. 70-79 год.
  • целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич=25 евра
  • разгледување на Будимпешта со локален водич-задолжително=10 евра
  • факултативно крстарење со брод по Дунав=15 евра
  • влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Краен рок на пријавување до 22.12.2024 година.
Т. А. Бран Турс ви ја честита Новата 2025 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

 

 

 

 

 

Останати Понуди