НОВА 2026 ГОДИНА ВО БЕЛГРАД

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Нова 2026 година

БЕЛГРАД

НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

31.12.2025 Поаѓање за Белград пред агенција во 00.30 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот… Слободно време за прошетка и предновогодишно уживање по пешачката улица Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Вечерта дочек на Новата 2026 г. на плоштад со богата музичка програма со познатите звезди…. Ноќевање.

01.01.2026 Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата прекрасна архитектура, познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол. Притоа со локален водич ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до Нови Сад – разгледување со  локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание… Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград. Факултативно свечена вечера со музика во ресторан. Ноќевање.

02.01.2026 Појадок.После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа  слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 7900 ден. за резервации до 17.11.2025, редовна цена 8900 ден.

 

Во цената се вклучени следните услуги:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
  •  разгледување на Белград со локален водич
  •  лиценциран придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • здравствено патничко осигурување-250 ден. до 65год., 350ден.-од 65-70год.
  •  целодневен излет до С. Карловци и Нови Сад – 25 евра
  • крстарење со сплав по реките Сава и Дунав – 15 евра
  • вечера со музика во ресторан на 01.01.2026= 45 еур
  •  влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици
  • доплата за 1/1 соба=40 еур

Напомена: Може да се патува со лична карта или пасош.Рок на пријавување до 22.12.2025.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс.

Т. А. БРАН ТУРС Ви ја честита Новата 2026 Година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

 

Останати Понуди