Нова 2025 во СПЛИТ
ШИБЕНИК–ТРОГИР–МАКАРСКА-ОМИШ
28.12.24 Поаѓање пред агенција Бран во 18:00 часот со туристички автобус, се патува преку Албанија, Црна Гора, за Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
29.12.24 Преку Будва, Тиват, долж Јадранската ривиера предпладнето се пристигнува во Сплит, разгледување на градот со локален водич: Плоштадот, Диоклецијановата Палата, Катедралата Свети Дује, Сплитската променада-Рива..Потоа сместување во хотел.Слободна вечер за уживање во Божиќната весела атмосфера на Сплитската Рива. Ноќевање.
30.12.24 Појадок. Целодневен факултативен излет со локален водич до: Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св.Јаков-која е под заштита наУНЕСКО, Градското собрание, Аквариумот, четирите средновековни бунари, а на 10 км се најдува Националниот парк Крка со познатите слапови на реката Крка-нивна посета. Враќање во Сплит. Ноќевање.
31.12.24 Појадок. Полудневен факултативен излет со локален водич до: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, Градската порта, Кнежевиот двор од 13-ти век-сега градско собрание, палатата Чипико од 13-ти век, тврдината Камерленго,Трогирската Рива со голем број на јахти и мегајахти,барови и шеталиште за уживање… Враќање во Сплит. Вечерта дочек на Новата 2025 г. на плоштадот на Сплитската променада–Рива, со богата музичка програма, најавено е да настапи и да забавува бенд Дубиоза колектив. Ноќевање.
01.01.25 Појадок. Поаѓање за Македонија со попатни посети на: “Гусарскиот град” Омиш, со 8 цркви, прекрасно старо градско јадро, Тврдина Мирабела, Фортика или Стари град од каде може да се види кањонот Цетина, целиот канал со островите Брач, Хвар и Шолта. Потоа се продолжува долж Јадранската ривиера, поминувајќи покрај многу убави туристички места, а едно од нив е и Макарска–при што ќе се видат: Кацичевиот плоштад, цркв.св. Марко и прошетка по убавото шеталиште-Рива…Потоа се заминува за Црна Гора со попатна пауза во Тиват, каде на плоштад ќе настапува Сплитската музичка звезда Јелена Розга. Продолжување за Македонија преку Албанија,ноќно возење со попатни паузи.
02.01.25 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА до 30.11.24=9950ден.,
редовна цена 11900 ден.
Во цената е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел Ас 3*
- разглед на Сплит со локален водич
- посети на: Омиш и Макарска
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко и здравствено осигурување-без франшиза-300 ден. до 64г., 400ден. 65-69год., 500 до 70-79год.
- целодневен излет со разглед со локален водич на Шибеник и влез во Н.П.Крка=40евра
- полудневен излет со локален водич до Трогир=10евра
- туристичка такса 2 евра по лице по ден
- влезници за други културно – историски споменици
- доплата за еднокреветна соба-2400денари.
Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2024 година.
Т. А. Бран Турс ви ја честита Новата 2025 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување. За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ