НОВА 2027 година
КОТОР –БУДВА– ТИВАТ
30.12.2026 Поаѓање пред агенција во 23.30 ч. со автобус преку Албанија,ноќно возење со попатни паузи.
31.12.2026 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Попатно се поминува покрај брегот на Јадранското море: Улцињ, Бар, Суто Море, Бечичи, Св.Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места, а потоа пристигнување во Будва. Прошетка во стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија, зидините на Стариот град, пристаништето со јахти… Сместување во соби со засебно твц, студиа и апартмани. Слободно попладне за индивидуални прошетки во Будва . Вечерта дочек на Новата 2027г. на плоштад во Будва каде е најавено да настапуваат повеќе музички групи и музичките звезди: Жељко Јоксимовиќ идр..Ноќевање.
01.01.27 Факултативен излет до прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат: Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св. Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Потоа посета на ТИВАТ– монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси.Попладнето, враќање во Будва. Вечерта слободно време и дичек на 2-ра вечер на Плоштад или факултативно , организирана посета на Бар каде треба да настапи музичката звезда Дино Мерлин.Враќање во Будва по полноќ, по настапот на Д.Мерлин. Ноќевање.
02.01.27 год. Слободно предпладне за индивидуални прошетки во Будва. Попладнето поаѓање за Албанија со попатна посета на ТШЦ “ТЕГ” во Тирана.Продолжување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни или раните утрински часови на 03.01.2027г..
ПРОМО ЦЕНА до 10.11.2026=6400ден. Редовна цена 7400 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во соби, студија и апартмани во Будва
- рганизација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување(без франшиза) 250ден. до 65г., 300ден 65-70г.
- туристичка такса 1 евро по лице од ноќ.
- факултативен полудневен излет до Котор и Тиват=10еур,
- факултативен излет до Бар за Дино Мерлин- 15 еур
- влезници за културно историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2026 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС – Прилеп Ви ја честита Новата 2027 година.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Tурс и СКТМ.


