НОВА 2024 ГОДИНА ВО БУДВА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Нова 2024 година
ДУБРОВНИКБУДВАТИРАНА

29.12.2023 Поаѓање пред агенција во 23.00 часот со автобус преку Албанија,ноќно возење со попатни паузи.

30.12.2023 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Попатно се поминува покрај брегот на Јадранското море: Улцињ, Бар, Суто Море, Бечичи, Св.Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места, а потоа пристигнување во Будва. Прошетка во стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија, зидините на Стариот град, пристаништето со јахти… Сместување во соби со засебно твц, студиа и апартмани. Слободно попладне за индивидуални прошетки во Будва и следење на предновогодишниот настап на плоштад на Александра Пријовиќ. Ноќевање.

31.12.2023 Факултативно целодневен излет до Дубровник, преку Котор или Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата…. Враќање во Будва. Вечерта дочек на Новата 2024г. на плоштад во Будва каде е најавено да настапи Тони ЦетинскиНоќевање

01.01.2024 год. Слободно предпладне за индивидуални прошетки во Будва. Попладнето поаѓање за Македонија со попатна пауза во Тирана и посета на трговскиот шопинг центар ТЕГ. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

          

Цена: 4900 ден. за резервации до 01.12.2023. Редовна цена 5900 ден.

6900 ден. за сместување во хотел со 3* (2 ноќ.со појадок).

           

 Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– 2 ноќевања во соби, студија и апартмани во Будва (вила Краљ,Бонита,Ангела…)

– организација и придружник на патувањето

 

 Во цената не е вклучено:

– патничко здравствено осигурување – без франшиза – 200 ден. до 65г., 350д.-до 70г., 500 до 80год.

– целодневен излет до Дубровник – 20 €

– влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 25.12.2023 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Т. А. БРАН ТУРС – Прилеп Ви ја честита Новата 2024 година.

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Tурс и СКТМ.

Останати Понуди