НОВА 2025 година во САРАЕВО
Мостар-Зеница-Травник-Вишеград-Мокра Гора
28.12.24 Поаѓање за Сараево во 18:30, се петува преку граничниот премин Табановце, ноќно возење преку Чачак, Ужице со попатни паузи.
29.12.24 Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување со локален водич: Народниот театар, Градското собрание, Инат куќа, мостовите на реката Миљацка пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусербеговата џамија, Катедралата.. Не пропуштајте да го вкусите Саревскиот бурек на Башчаршија.Сместување во хотел. Ноќевање.
30.12.24 Појадок. Факултативен излет до Мостар,со попатна посета срушениот-историски Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица. Пристигнување во Мостар- град со многу мостови, сместен на реката Неретва. Посета на Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак, саат кулата.Враќање во Сараево. Слободна вечер во Сараево,каде ќе можете да вкусите “ќебапи во лепиња”,“телетина испод саче”,десертот “туфахија”… Ноќевање.
31.12.24 Појадок. Факултативен излет до Зеница-град на челикот, со Средновековна тврдина,Чаршиска џамија на Султан-Ахмед,православната црква Рождество на Пресвета Богородица,Католичката црква Св. Пророкот Илија и Еврејската синагога. Продолжување до градот на џамиите –Травник, каде има прекрасна Шарена џамија или Сулејманија, Зупчастата парна локомотива“Чиро”, Музеј на“Родната куќа на Иво Андриќ”… Враќање во Сараево. Вечерта дочек на новата 2025 год. на плоштад, каде за најлудата ноќ ќе настапува Балканската поп пејачка СЕВЕРИНА и др.музички групи. Ноќевање.
01.01.25 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено-“Дрвениот град” дело на Емир Костурица,како и единствената туристичка-музејска железница“Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи.
02.01.2025 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА до 30.11.24 9950ден.
Редовна цена=11900д.
Во цената се пресметани следните услуги:
- превоз со туристички автобус
- 3 ноќевања со пoјадок во хотел Сонце 4*
- разглед на Сараево со локален водич
- попатни посети на Мокра Гора и Вишеград
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко и здраствено осигурување-без франшиза-300 ден.до 64год., 4000ден.65-69г., 500ден. 70-79год.
- факултативен излет до Мостар=20евра
- факултативен излет со локален водич до Зеница и Травник=20евра
- туристичка такса 1 евро по лице по ден
- влезници за културно историските споменици.
Рок на пријавување до 20.12.2024 година.
Т. А. Бран Турс ви ја честита новата 2025 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс.