НОВА 2026 ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

НОВА 2026 год. во
ХЕРЦЕГ НОВИ
ИГАЛО-ДУБРОВНИК-КОТОР

 

30.12.25 Поаѓање во 22.00 ч. од пред Бран со автобус преку Албанија, ноќно возење со паузи.

31.12.2025 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар, Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват, пауза во Тиват– на монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси,па се продолжува (со траект) или Котор,за Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало.Разгледување на  Игало – тоа е познатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи,кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“.Вечерта дочек на најлудата ноќ-Новата 2026 г. на плоштад во Херцег Нови, каде  најавен е настап на Балканските популарни музички звезди Харис Џинович и Неда Украден… Ноќевање.

01.01.2026 Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах…Враќање во Херцег Нови. Вечерта реприза на Новогодишната ноќ, на плоштадот во Х.Нови, каде  најавен е настап на познатите музички звезди Жељко Самарџиќ и Весна Змијанац. Ноќевање.
02.01.2026. Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Пoтоа се продолжува за Македонија преку Тирана, ноќно возење со попатни паузи.

03.01.2025 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

 

ПРОМО ЦЕНА до 17.11.2025=6990ден., редовна цена 7990 ден.

 

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  •  2 ноќевања во соби 1-ва категорија,студиа и апартмани во Херцег Нови
  • разгледување на Херцег Нови и Игало
  •  организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  •  патничко здравствено осигурување(без франшиза) 250ден. до 65год., 300ден. 65-70 год.
  •  туристичка такса 1.5 еур по лице по ден=3 еур-плаќање во агенција
  •  факултативен излет до Дубровник=20 евра
  •  посета на Котор-задолжително-5 евра
  •  влезници за културно историските споменици
  • доплата за 1/1 соба=60еур.
    Напомена: Рок на пријавување до 22.12.2025 година

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Т. А. БРАН – Прилеп Ви ја честита новата 2026 година.

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран турс и СКТМ.

Останати Понуди