НОВА 2026 година во
ИСТАНБУЛ
30.12.25 Поаѓање пред агенција Бран во 17 ч., ноќно возење низ Грција со попатни паузи.
31.12.25 Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите,па се разгледува Истанбул. Разгледување на центарот на градот со локален водич: Хиподромот, Плавата џамија со влез, Аја Софија, Топкапи музејот со влез во двор…Слободно време за шопинг во Капали и Аксарај Чаршија. Вечерта факултативно, дочек на новата 2025 на плоштад во Кумкапи или новогодишна свечена вечера со програма и мени со вклучен пијалок во ресторан ГАР. Ноќевање.
01.01.26 Појадок. факултативна посета со локален водич на: Цариградската Патријаршија(со влез), боемскиот кварт Балат-со стари дрвени куќи во разни бои, со шармантни кафе барови. Потоа, посета на Азискиот дел-Чамлиџе, со неверојатен поглед на Истанбул, каде може да се вкуси традиционален пијалок-Салеп. Вечерта можност за вечера во ресторанот ГАР со програма со танчери и танчерки и вечера со богато мени со пијалок.Ноќевање.
02.01.26 Појадок. Со локален водич, факултативно крстарење со брод по Босфорот: од Златниот рог, Галата мостот, покрај Галата кулата се продолжува со бродот покрај Долма Бахче палатата,а покрај брегот на Босфорот ќе се видат прекрасни палати, кули, вили.Потоа се оди на факултативна посета на Сефир сеир тераса-највисоката кула од каде на најгорен спрат има кино со 4Д-анимација, се прави виртуелен разглед со хелихоптер на Истанбул. Ноќевање.
03.01.2026 Појадок. Напуштање на хотелот, преку мостот Галата, покрај стадионот на Бешикташ се оди на плоштадот Таксим кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници, ресторани… Посета на најпознатата продавница Коска за алва, баклава, локуми..и на крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум и Декатлон, каде може да се посети аквариумот Turkuazoo. Поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.
04.01.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА до 17.11.25=9900ден., редовна цена 10900 ден.
Во цената е вклученo:
- автобуски превоз на дадената релација
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул
- панорамско разгледување на Истанбул со локален водич
- посета на Таксим, Кумкапи, Коска и Форум
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклученo:
- патничко здравствено осигурување-300 ден. до 65г., 400ден. 65-70год.
- факултативно крстарење со брод по Босфорот=20еур
- посета на Патријаршијата, Балат, Азискиот дел-Чамлиџе=20еур
- факултативна посета на Sapphire Seyir Terası=25еур
- свечена вечера во нац.Ресторан Гар со програма(танчерки) и мени со пијалок(01.01)=35евра
- свечена вечера во нац.Ресторан Гар со програма(танчерки) и мени со пијалок(31.12)=90евра
- влезници за други културно- историски знаменитости
Напомена: Краен рок на пријавување до 22.12.2025 година.
Т. А. Бран Турс ви ја честита Новата 2026 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.


